Реклама

Проектот со регионална депонија на Истокот на јавна расправа

ССК предлага плаќање по работен час, наместо концепт на минимална плата

Најдено решение за деценискиот проблем на професионалните војници

Кривична пријава за Јани Макрадули – Финансиска полиција го гони за предизвикана штета на „Македонски пошти“ од 10 милиони денари

Николоски: Првите еколошки автобуси очекувам да се испорачаат во јануари, порано од договореното

Македонскиот здравствен систем доби 100 нови амбулантни возила

Пропусти во медицинските извештаи на Ива Михаилова: Стручна комисија ќе го испитува случајот со бегалката

Николоски: Инвестиции вредни 11 милиони евра во проекти за Општина Карпош

Позитивни чекори во решавањето на проблемот со кучињата скитници во Скопје

Дополнителна финансиска поддршка од 8 денари за оризарите, Мицкоски најави и ригорозни казни за нефер откупувачи

Образованието се фокусира на современи вештини и кариерно советување

Уште една убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ остана без втор круг, а со весела математика поразот си го прават победа

Македонија

Најстудено изутринава на Попова Шапка – минус три степени, најтопло во Кавадарци седум степени

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – минус три степени,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најниската температура изутринава е измерена на Попова Шапка – минус три степени, а највисоката во Кавадарци – седум степени.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи во Берово е измерен минус еден степен, Маврови Анови нула, Претор, Струмица и Kрушево еден, Крива Паланка, Охрид и Битола два, Прилеп и Штип три, Тетово и Виница четири, Скопје-Петровец и Велес пет, Скопје-Зајчев Рид, Демир Капија и Гевгелија шест.

Количината на врнежи во изминатите 24 часа до 07 часот во (l/m2) изнесува Битола 20, Претор 15, Охрид и Kрушево 14, Штип и Гевгелија 13, Крива Паланка, Кавадарци, Пожаране и Ѓуриште 12, Прилеп, Велес и Mаврови Анови 11, Виница 9, Тетово 8, Скопје-Петровец, Тополчани и Попова Шапка 7, Берово 4, Скопје-Зајчев Рид и Струмица 3, Демир Капија 2.

Реклама

Висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесува 100 см. 

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во источните делови ќе има услови за провејување на слаб снег. Ќе дува умерен, a долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално над 60 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од пет до 13 степени.

Во Скопје, променливо облачно со кратки сончеви периоди. Ќе дува умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до десет степени.