Реклама

Мицкоски: Ја продлабочуваме економската соработка со Германија, целта е повеќе инвестиции и повисок БДП

ВМРО-ДПМНЕ сами против сите во битката за Брвеница – освен СДСМ и ВЛЕН, за да победи ДУИ, со авиони „увезе“ гласачи

Пирова победа за „Прогресивна Бугарија“ и Јотова: Миленичката на Радев стана претседателка, тој пак ја губи довербата од Бугарите

Се стега обрачот – ќе згаснат уште 104 нелегални сајтови за коцкање

Стравот дека ќе пропаднат заштедите во „Алта банка“ посилен од уверувањата дека сепак е можен спас за банката

Дигитален штит за струјата: македонскиот енергетски систем отпорен на сајбер напади

Алта банка АД Битола е стабилна и ликвидна – НБМ со серија мерки за заштита на имотот на граѓаните и фирмите

Јотова или Ѓуров – во Бугарија се гласа за претседател, излезноста рекордно ниска

Растот на цените на становите забавува – дали и како може да запре?

Работен час наместо минимална плата – синдикатите на два ума дали моделот е прифатлив

Во Кавадарци успешно заврши деветмесечниот проект за превенција на врсничкото насилство меѓу средношколците

Невладините организации и експертите со апел жените Ромки да бидат похрабри и поактивни за да станат повидливи во системот

Македонија

Најстудено и утрово во Берово, 24 сантиметри снег на Попова Шапка

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

И денеска најниска утринска температура е измерена во Берово. Како што информираат од УХМР, -5 Целзиусови степени се евидентирани во Берово, -4 во Струмица, Битола, -3 Скопје – Петровец, Демир Капија, Тетово, -2 во Прилеп, Велес, -1 во Скопје – Зајчев Рид, Штип, Претор, Попова Шапка, Кавадарци, Маврови Анови, 0 – Дојран, Крива Паланка, Куманово, Крушево, 1 – Гевгелија, Охрид, 2 – Виница, 4 – Ѓуриште.

До седум часот утрово висината на снежната покривка на Попова Шапка изнесувала 24 сантиметри, 9 во Крушево, Маврови Анови.

Според синоптичарите, времето во текот на денот ќе биде променливо облачно и тивко со сончеви периоди. Во одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Максималната температура се очекува да биде во интервал од 6 до 13 Целзиусови степени.

Реклама

Во Скопје исто така се очекува времето да биде променливо облачно и тивко, ќе има услови за појава на магла. Максималната температура според најавите ќе достигне до 9 Целзиусови степени.