Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Балкан

Најмалку 15 повредени откако трамвај излета од шини и се удри во зграда во Белград

Најмалку 15 луѓе се повредени откако трамвај полн со патници излета од…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Најмалку 15 луѓе се повредени откако трамвај полн со патници излета од шини и се удри во зграда во Белград. Единаесет од нив се пренесени во болница, но ниту еден не е во животозагрозувачка состојба. Меѓу повредените има и две деца. Сѐ уште нема официјални информации за причината за несреќата. Не е познато дали станува збор за инфраструктурен проблем или несреќата е предизвикана од човечки фактор. Возачката кабина на трамвајот е целосно уништена, прозорците на трамвајот се скршени, а дел од седиштата се откорнати.

Градското сообраќајно претпријатие соопшти дека според прелиминарните информации постојат индикации дека една од можните причини за инцидентот би можела да биде човечкиот фактор, имено несоодветната брзина на возилото при минување низ префрлувачот, како и проверка на положбата на самиот префрлувач. Надлежните служби велат дека до крајот на истрагата ќе бидат земени предвид сите вештачења за целосно да се расветли несреќата.