Реклама

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Економија

МЗШВ: По неколку години, потпишан колективниот договор, следува етапно зголемување на платите и подобри услови за вработените

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со претставниците од синдикалните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, со претставниците од синдикалните здруженија, денеска, во просториите на Министерството, го потпиша колективниот договор, со кој се предвидува раст на платите на вработените, како и доуредување на работниот статус.

Ова е важен чекор имајќи предвид дека неколку години немаше важечки колективен договор, што претставуваше загриженост и неизвесност, како и ограничена можност за унапредување на правата и условите за работа на вработените во ресорот, наведуваат од МЗШВ.

Дополнително, освен значително зголемување на платите, во колективниот договор се обезбедува и заштита на правата и унапредување на работните услови за сите вработени.

Реклама

Во согласност со колективниот договор, зголемувањето на платите ќе се реализира етапно во следните три години.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нагласува дека со овој чин ја потврдува својата заложба за градење стабилен, праведен и мотивирачки работен амбиент во кој трудот на вработените соодветно ќе биде вреднуван, а нивните права заштитени.