Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

МВР влезе во „Комунална хигиена“ и Град Скопје: Собрана е документација, преземаме дополнителни активности по насоки на ОЈО

Полицијата ја тресе документацијата за тоа кој е виновникот што контенјерите во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Полицијата ја тресе документацијата за тоа кој е виновникот што контенјерите во македонската метропола остана со денови преплавени со ѓубре. Инспектори проверуваат за затајувањето на надлежните институции да се грижат за хигиената во Скопје.

  • Единицата за економски криминал при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден влезе во просториите на град Скопје и ЈКП „Комунална хигиена“ по наредба од ОЈО Скопје со цел прибавување на докази и одземање на соодветна документација под сомнение за сторени кривични дела поврзани со работењето на ЈКП „Комунална хигиена“ и градоначалникот на град Скопје во врска со несобирањето на комуналниот отпад. Обезбедена е документација, а се преземаат и дополнителни мерки и активности по насоки од ОЈО Скопје“ изјави портпаролот на МВР, Гоце Андреевски.

Освен полицијата и Обвинителството почна постапка – проверува како работеле Град Скопје и јавното претпријатие. Оттаму не ја исклучуваат можноста освен „Комунална хигиена“, да бидат опфатени проверки и на други институции.

Вработените во „Комуналец“ велат дека и тие се жртви. Синдикатот на најави кривична против раководството на претпријатието поради доцнење на платите и лоша состојба со возниот парк.

Реклама
  • И покрај тоа што се доцни со исплатата на платата за месец септември, сакаме да ја известиме јавноста дека вработените во претпријатието редовно ги извршуваат своите работни задачи со средствата кои им стојат на располагање, а истите се во недоволен број, односно има недостаток на камиони за собирање на смет, а за поголем број од нив нема резервни“ стои во соопштението од СУТКОЗ.

Комунална хигиена комуницира со јавноста преку соопштенија без јасно објаснување што се случува, а градоначалничката Данела Арсовска вината за хаосот со ѓубрето не ја гледа само во себе.

Општинските власти пак почнаа да го прават она што не го прави Градот иако е платен за тоа – сами го собираат отпадот од скопските улици. Со сопствена механизација се празнат контенјерите, а според проценките само во текот на еден ден се собрало повеќе од 10 тони смет кој бил депониран во Дрисла.

Градоначалникот на Аеродром и кандидат за втор мандат вели дека поднеле и кривична пријава по која МВР и Обвинителството постапуваат.

  • Како општина поднесовме кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Скопје и до Министерството за внатрешни работи. Одговорноста има име и презиме и таа мора да се детектира. Нашите комунални инспектори двапати ги казнија со по 80.000 евра, но попусто – кај нив не владее здравиот разум,“ истакна Дејан Митески- градоначалник и кандидат за општина Центар.

Градоначалникот на Центар и кандидат за втор мандат вели дека ова ги надминува сите граници и дека пет дена никој не го собирал сметот.

  • Се соочуваме со огромни проблеми а набзро недај Боже и зарази. Нашите хигиеничари се во две смени, имаме дополнителна механизација која е на терен и сабајле и навечер и правиме се да го исчистиме сметот и она што не го прави Комуналното претпријатие веќе подолг период, но овие пет дена е алармантно“ рече Горан Герасимовски – градоначалник и кандидат за втор мандат на општина Центар.

Преполните контенјери се честа слика во главниот град годинава, но состојбата целосно ескалираше изминатава недела.