Реклама

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Тешко до нов изборен законик: Македонија си има работа со незрели и неодговорни политичари од опозицијата

Мерки за нелогичните поскапувања – Владата анализира

Аналитичарите децидни: Бојкотот на опозицијата ја кочи реформската агенда на Владата

5,4 милиони евра за 1400 нови вработувања

Мицкоски: Од понеделник се намалуваат акцизите за горивата, се бараат начини да поевтини струјата

Државата плаќала, Мирчевски приватно летал и се возел – обвинение за екс-директорот на СОЗР

ИЈЗ отвори психолошко советувалиште за деца и адолесценти, но и за родители и наставници

Штип го добива првиот центар за рехабилитација за деца и младинци со попреченост

Тричлено меѓународно жири ќе ги избере лауреатите на фестивалот „Преку езерото“

Клековски со амбициозен план: Целосна трансформација на македонското здравство

Македонија

МВР: Три лица лишени од слобода за семејно насилство во последното деноноќие, вкупно шест пријавени случаи

Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие имало шест пријави…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за внатрешни работи информира дека во последното деноноќие имало шест пријави за семејно насилство, при што лишени од слобода се три лица. 

Во Штип денеска во 02:35 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода М. Б. (55) од Штип, постапувајќи по претходна пријава дека на вчера околу 22:00 часот во семејниот дом физички ја нападнал неговата 49-годишна сопруга. Според пријавеното, тој подолг период вршел физичко и психичко насилство во домот и физички ги напаѓал неговата сопруга и малолетните деца.

Полициски службеници од СВР Куманово вчера во 22:15 часот го лишиле од слобода А. Д. (43) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во семејната куќа во Куманово се однесувал агресивно и физички ја нападнал неговата мајка.

Реклама

Во СВР Куманово денеска во 03:15 часот, 28-годишна жена од Куманово пријавила дека, по претходна расправија, била физички нападната од нејзиниот поранешен партнер С. А. (36) од кумановско село.

Во ОВР Струга, вчера во 19:40 часот 37-годишна жена од Република Албанија, со престој во струшко, пријавила дека нејзиниот сопруг Н. М. од струшко, со кој се во бракоразводна постапка, ја следи и ѝ упатувал закани.

Во Велес вчера во 15:30 часот, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода 40-годишник од велешко село. Според пријавеното, тој најпрво во домот на негов пријател, а потоа и на улица физички ја нападнал неговата 37-годишна партнерка. По преземени мерки било констатирано дека 40-годишникот бил под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,21 промили алкохол во крвта. Тој бил задржан во полициска станица и известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес.

Во СВР Скопје вчера во 18:30 часот,  40-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 17:20 часот во викенд куќа во скопско, по претходно недоразбирање, била физички нападната од нејзиниот партнер А. Т. (40).

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите и по нивно целосно документирање против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.