Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

МВР: Приведени две лица откако во возило се пронајдени мигранти

Лишени од слобода се двајца косовски државјани, во нивното возило се пронајдени…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лишени од слобода се двајца косовски државјани, во нивното возило се пронајдени мигранти од Пакистан, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.

– Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, што го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан. Лицата се задржани во полициска станица, а мигрантите и возилото се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија, појаснија од МВР.

По целосно документирање на случајот, додадоа од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.