Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

МВР: Македонската полиција се приклучува на Европската акциска контрола на брзина на патиштата, в среда 24 часовен маратон контроли

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонската сообраќајна полиција како членка на Европската мрежа на сообраќајни полиции – ROADPOL се приклучува на акциската контрола со зголемени контроли за возење над дозволената брзина, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Европската акциска контрола на брзина на патиштата стартува од денеска до 19 април, а в среда на 15 април од 00.00 часот до четврток 16 април 00.00 часот ќе биде 24 часовен Маратон на брзина во кој период ќе има непрекинати акциски контроли на брзината на движење на територијата на целата држава. 

-Брзото возење останува една од водечките причини за сообраќајни незгоди со тешки и смртни последици на нашите патишта. Затоа мораме да делуваме постојано. Со имплементација на проектот „Безбеден град“ и постојаните сообраќајни акциски контроли се: зголемува свесноста од опасностите на брзото возење, се поттикнува промена на однесувањето на возачите на долг рок о се спасуваат животи – информираат од МВР.

Реклама

Од МВР, посочуваат дека голем дел од локациите на акциските контроли им се однапред познати на возачите со цел да се засили превентивниот карактер на акциите.

– Целта не е казнување, целта е сообраќај во рамките на обележаните брзини, сообраќај кој спасува животи – нагласуваат од МВР.

ROADPOL маратонот за брзина (Speed marathon) е заедничка акциска контрола на сите европски сообраќајни полиции која се изведува истовремето на сите европски патишта.