Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

МВР: Безбедноста на новинарите е еден од врвните приоритети

МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

МВР информира дека денеска се одбележува 2 Ноември – Меѓународниот ден за ставање крај на неказнивоста за злосторства против новинарите. Преку кампањата „Новинарите се важни“, Советот на Европа и државите-фокусни точки ја потврдуваат заедничката заложба за заштита на новинарите и за обезбедување на правда за сторителите на злосторства против нив.

– Секој напад врз новинар е напад врз слободата на изразување и пристапот на луѓето до информации. Тој ги лишува граѓаните од веродостојни информации, промовира дезинформации, ги ослабува демократските институции и шири страв меѓу оние што го штитат правото на јавноста да знае. Затоа, ставањето крај на неказнивоста за овие злосторства не е само за одбрана на новинарите, туку и за одбрана на вредностите на нашата демократија, потенцирал Мухамед Исмаиљи, помошник на министерот за односи со јавноста во Министерството за внатрешни работи и фокусна точка на Македонија во Советот на Европа за кампањата „Новинарите се важни“.

Кампањата, како што се наведува, покрената од Советот на Европа во 2023 година, во изминатите две години помогна во воспоставување мрежа на национални фокусни точки и комитети што ги обединуваат новинарите, полицијата, обвинителите и јавните институции со цел да се подобри заштитата и да се изгради доверба. Таа придонесе за подобрување на односите меѓу полицијата и медиумите, како и за донесување на акциски планови и протоколи за безбедноста на новинарите.

Реклама

– Во Република Македонија досега во соработка со Здружението на новинари на Македонија, ОБСЕ, Основното јавно обвинителство и други меѓународни партнери има изработено два прирачници за безбедност на новинарите, формиран е Национален комитет за заштита на новинари за побрзо и поефикасно расчистување на случаите поврзани со новинари. МВР на својата интернет страница го има објавено и Регистарот на напади врз новинари. Безбедноста на новинарите за МВР е еден од врвните приоритети и во изминативе години интензивно се работи на ова поле, а видливи се и резултатите од ваквата посветеност, нагласил Исмаиљи.

Советот на Европа и фокусните точки, како што се наведува, остро ги осудуваат сите акти на насилство, незаконско притворање и убиства на новинари, особено во контексти на вооружени конфликти.

– Таквите дела се сериозни прекршувања на меѓународното право и напад врз основните вредности на слободното новинарство. Се упатува апел до сите страни во конфликтите да го почитуваат статусот на новинарите како неборци и да обезбедат услови за нивна безбедна работа. Фокусните точки ги повикуваат земјите-членки на Советот на Европа да ги обноват своите обврски за заштита на новинарите, да ги зајакнат националните структури и да осигураат независни и ефикасни истраги за сите напади. Во втората половина од петгодишниот мандат на кампањата, приоритет останува намалување на бројот на новинари кои се соочуваат со закани и притисоци, унапредување на заштитните механизми и зголемување на довербата меѓу новинарите, граѓаните и институциите, стои во соопштението од МВР. 

На овој ден, како што се наведува, им оддаваме почит на сите новинари кои ја платиле највисоката цена за вистината и повторно ја потврдуваме заложбата дека нивната храброст нема да биде залудна.

Совет на Европа продолжува да работи за постојана заштита на новинарите https://www.coe.int/en/web/portal/-/international-day-to-end-impunity-for-crimes-against-journalists