Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Музичка одисеја „TRANSMIssION“ во Скопје

Скопје вечерва е домаќин на музичкиот проект „TRANSMIssION“, кој на сцената во „Public Room“ носи уникатен спој на традиционални балкански ритми и современа електронска музика, предводен од македонскиот перкусионист и композитор Александар Петров. Проектот претставува звучно патување што ги надминува класичните жанровски рамки, ставајќи го тапанот во центарот како симбол на културната меморија и динамиката […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Скопје вечерва е домаќин на музичкиот проект „TRANSMIssION“, кој на сцената во „Public Room“ носи уникатен спој на традиционални балкански ритми и современа електронска музика, предводен од македонскиот перкусионист и композитор Александар Петров.

Проектот претставува звучно патување што ги надминува класичните жанровски рамки, ставајќи го тапанот во центарот како симбол на културната меморија и динамиката на музичкиот израз.

– Срцето го дава ритамот на животот, тапанот го дава пулсот на срцето е водечката мисла на концептот „TRANSMIssION“.

Реклама

Концертот е поделен во две целини. Во првиот дел, „TRANSMIssION Acoustic“, публиката ќе има можност да слушне авторски композиции на Петров, како и изведби инспирирани од македонското музичко наследство и етномузиколошките записи. Вториот дел, „TRANSMIssION Electronic“, носи современи електронски звучни структури, импровизации и амбиентални музички пејзажи.

Покрај Петров, на сцената настапуваат и вокалистката Тања Царовска, трубачот и мултиинструменталист Симеон Петров и француската диџејка и продуцентка Lenna.

Царовска е препознатлива по својот вокал во бројни филмски и театарски продукции, меѓу кои „The Passion of the Christ“ и „Troy“, додека Симеон Петров носи искуство од класичната и џез музичката сцена. Lenna дополнително ја збогатува програмата со сетови што комбинираат Tech House и Afro House звук.

Александар Петров, кој дел од својата кариера ја гради и во Париз и Њујорк, важи за еден од ретките музичари што успешно го интегрира традиционалниот македонски тапан во современи музички форми, од џез до експериментална музика.

-TRANSMIssION“ е проект што ги поврзува традицијата и современоста, акустичното и електронското, локалното и универзалното – велат организаторите, додавајќи дека станува збор за концерт што не само што се слуша, туку и се доживува.