Реклама

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Урагански ветришта, двонеделен пеколен бран, сега најава за ново невреме: На што се должат овие нагли перомени?

Страотни пожари во Албанија и Црна Гора: Големиот пожар кај популарниот Херцег Нови стигна до куќите во градот

Македонија

Муртезани во работна посета на Атина

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес, на 6 и утре, 7…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денес, на 6 и утре, 7 февруари 2025 година ќе престојува во работна посета на Хеленската Република, каде е предвидено да има средби со претставници на грчката Влада и Парламентот.

Во рамките на посетата, министерот Муртезани ќе се сретне со заменик-министерката за надворешни работи на Грција, амбасадорката Александра Пападопулу. Средбата претставува можност за размена на мислења по повеќе прашања, вклучително и за унапредување на добрососедските односи, зајакнување и продлабочување на билатералната соработка и разгледување на клучните предизвици во процесот на европската интеграција на Македонија.

Министерот Муртезани ќе оствари средба и со потпретседателот на грчкиот Парламент и претседател на Комисијата за европски прашања, Јоанис Плакиотакис.

Реклама

Во фокусот на разговорите ќе биде парламентарната соработка, динамиката на реформскиот процес и можностите за заеднички иницијативи во контекст на политиката на проширување на ЕУ.