Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Муцунски по средбата со амбасадорката на Германија, Дрекслер – Заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски се сретна со амбасадорката на Германија, Петра Дрекслер, што претставува прва заедничка средба на двајцата соговорници по именувањето на министерот Муцунски на функцијата.

 Муцунски изрази голема благодарност за безрезервната поддршка и посветеност на Германија на нашиот пат кон ЕУ, потенцирајќи дека новата Влада е силно фокусирана на европските интеграции и на спроведувањето на реформите.

Соговорниците разменија мислења и во однос на сојузништвото во рамки на НАТО, со посебен акцент на соработката во рамки на претстојниот Самит во Вашингтон. Воедно, беше оддадено признание за нашиот досегашен значаен придонес кон колективната безбедност, мир и просперитет на целата трансатлантска област.

Реклама

На средбата беше искажано заемно задоволство од развојот на одличните билатерални односи, кои двете пријателски земји во континуитет ги негуваат во изминатиот три-децениски период, со заложби за продлабочување на соработката во периодот што следи.