Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Муцунски на средба со австралиската министерка за надворешни работи

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, престојува во работна посета на Австралија, што претставува прва посета на министер за надворешни работи на Македонија во Австралија по 15 години. Оваа посета се совпаѓа со значајниот јубилеј – 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски денеска оствари билатерална средба со австралиската министерка за надворешни работи, Пени Вонг. На средбата, министрите ги потврдија одличните билатерални односи помеѓу двете земји и разменија ставови за актуелните геополитички предизвици, вклучувајќи прашања поврзани со регионалната стабилност и глобалната безбедност.

Министерот Муцунски изрази благодарност за поддршката што локалните и федералните власти во Австралија ја даваат за зачувување на македонскиот идентитет и изучување на македонскиот јазик, како и за напорите на македонската дијаспора во промоцијата и зачувувањето на македонската култура и традиција.

Реклама

Министерката Вонг ја нагласи значајноста на оваа прва министерска посета по речиси две децении, истакнувајќи ја нејзината симболика во контекст на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи.

Двете страни се согласија за клучната улога на македонската дијаспора во билатералните односи и изразија подготвеност за интензивирање на политичкиот дијалог и зајакнување на билатералната соработка, со посебен фокус на економските односи помеѓу двете земји.