Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

Муцунски – Мекенти: Поддршка за европската интеграција и јакнење на билатералната соработка со Ирска

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Даблин оствари средба со министерката за надворешни работи, трговија и одбрана на Ирска, Хелен Мекенти. На средбата беа потврдени одличните билатерални односи и заедничката заложба за натамошно унапредување на политичката, економската и трговската соработка меѓу двете земји, соопштуваат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

– Посебен акцент во разговорите беше ставен на европската интеграција во пресрет на претстојното ирско претседавање со Советот на Европската Унија, кое почнува на 1 јули. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана ирска поддршка на политиката на проширување и на европските аспирации на државата. Притоа ја нагласи цврстата определба на Владата за продолжување на реформскиот процес и напредокот на европскиот пат истакнувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел и најсилен двигател на демократскиот, економскиот и општествениот развој – стои во соопштението.

Од таму дополнуваат дека соговорниците размениле мислења и за актуелните регионални и глобални прашања, при што се согласиле дека во услови на зголемени геополитички и безбедносни предизвици на Европа повеќе од кога било ѝ се потребни единство, солидарност и блиска соработка.

Реклама

Во рамките на посетата, од Министерството информираат дека министерот Муцунски остварил средба и со претседавачот и членовите на Заедничкиот комитет за прашања поврзани со Европската Унија на двата дома на ирскиот парламент.

– На средбата беше разговарано за актуелната состојба во процесот на евроинтеграција, при што министерот Муцунски ја истакна посветеноста на Владата на спроведувањето на реформите, особено во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и јакнењето на институциите – дополнуваат во соопшението.

Тој потенцирал дека кредибилен процес на проширување, заснован на заслуги и исполнување на Копенхашките критериуми, е од суштинско значење за зачувување на довербата во Европската Унија и нејзината трансформативна моќ во регионот.