Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Муцунски: Договарањето со коалициските партнери ќе го направиме меѓусебно, фокусирани на квалитет

Договарањето или воспоставувањето на условите меѓу коалициските партнери во Владата треба прво…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Договарањето или воспоставувањето на условите меѓу коалициските партнери во Владата треба прво меѓусебно да го направиме, а не да договараме преку медиумите, истакна денеска министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски.

Тој одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конфереенција во Владата за очекувањата од средбата на коалицијата и дали ВМРО – ДПМНЕ ќе ослободи министерски места за да направи простор за коалициските партнери истакна дека имаат тековна комуникација која што трае и ќе продолжи во следниот период.

– Не сметам дека договарањето или воспоставувањето на условите треба да го правиме преку медиумите. Со максимална почит кон вас како медиуми, и не сакам да ме разберете погрешно, но мислам дека тоа се прашања коишто треба прво меѓусебно да ги договориме, а потоа да ги објавиме. Така се гради доверба, кога функционираш како еден тим, како една колективна единица која што работи да постигне успех, нагласи Муцунски.

Реклама

Земајќи го во предвид функционирањето на коалицијата изминатата година и половина, подвлече дека со сите предизвици генерално доста успешно соработувале и имале заеднички капацитет да ги надминат. Изрази убедување дека наредните денови ќе постигнат договор и оти ќе се фокусираат на квалитет наместо на бројки.

-Јас сум убеден дека во следните денови ќе биде постигнат договор, којшто ќе биде насочен пред се кон зголемена ефикасност на Владата. Една работа што постојано и премиерот мислам пред некој ден ја нагласи, дозволете јас да го повторам – дека не се работи за бројот на местата на коалициониот партнер. Се работи за прашањето за капацитетот на поединците, нивното знаење и нивното искуство и како тие ќе придонесат кон институциите што посакуваат да ги предводат. Помалку да се фокусираме на квантитет, а повеќе да се фокусираме на квалитет. Тоа треба да биде и приоритетот на сите коалициони партнери во Владата, рече Муцунски.