Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Муцунски до Георгиев: Наместо поддршка на патот кон ЕУ, односите меѓу Македонија и Бугарија се оптоварени со билатерални спорови

Билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на македонија од страна на бугарија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Билатералните разлики, блокадата на европскиот пат на македонија од страна на бугарија, положбата на македонското малцинство во Бугарија. Ова биле главните теми на средбата помеѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и шефот на бугарската дипломатија, Георг Георгиев.

Првиот македонски дипломат изразил жалење што односите на релација Скопје – Софија остануваат оптоварени со билатерални спорови кои станаа непринципиелна пречка на македонскиот евроинтегративен процес.

„Муцунски истакна дека сите отворени прашања треба да се решаваат одговорно, преку дијалог и со взаемна почит и разбирање, бидејќи добрососедските односи покрај другото подразбираат и поддршка за европските интеграции“, се вели во соопштението на министерството за надворешни работи и трговија.

Реклама

Муцунски го отворил и прашањето за почитување на правата и слободите на македонското малцинство во бугарија и ја нагласил потребата од спроведување на одлуките на европскиот суд за човекови права.

Оваа средба се одржа на маргините на минхенската безбедносна конференција.

Бугарскиот министер пак порачал дека нема да има репреговарање и дека првиот чекор се уставни измени.

Како што јавува бугарската новинска агенција „БГНЕС“ Георгиев порачал дека компромисот од 2022 година мора да се почитува и тоа било единствениот пат напред.