Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Муцунски на Бледскиот стратешки форум: Европската интеграција треба да ги трансформира институциите, а не идентитетите

Доколку Европа сака да зборува со јазикот на геополитиката, тогаш проширувањето не…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Доколку Европа сака да зборува со јазикот на геополитиката, тогаш проширувањето не може да го гледа низ логиката на бирократијата. Потребна е стратешка визија. Кога земјите кандидати постигнуваат напредок и се целосно усогласени со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија, тој напредок мора да биде видлив – порача министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски на министерската сесија „Геополитички превирања: Централна и Југоисточна Европа во свет на коридори, безбедност и проширување“, одржана во рамките на Бледскиот стратешки форум.

Муцунски, како што соопшти МНРиНТ, оврнувајќи се на европската интеграција, нагласил дека инвестициите во инфраструктурата и регионалната поврзаност мора да бидат придружени и со јасна политичка инвестиција во проширувањето на Европската Унија.

Тој посочил дека претходните проширувања на Европската Унија биле резултат не само на исполнувањето на критериумите, туку и на политичка волја и стратешка одлука дека проширувањето е во интерес на Европа.

Реклама

-Вистинска пресвртница би било неколку земји од регионот да станат членки на Европската Унија. Тоа би било доказ дека термините „моментум“ и „прозорец на можности“, кои ги слушаме веќе неколку години, конечно се целосно разбрани и сфатени – нагласил Муцунски.

Воедно, оценил дека од Брисел доаѓаат охрабрувачки сигнали за нов пристап кон политиката на проширување и нејзино приспособување кон актуелниот геополитички контекст.

-Нашето барање е јасно – европската интеграција да биде модел за трансформација на нашите институции, а не обид за трансформација на нашите идентитети. Оценувајте нè врз основа на заслугите и според тоа дали, во време на геополитички превирања, сме усогласени со надворешната и безбедносната политика на Европската Унија – порачал Муцунски.

Во своето обраќање, министерот го истакнал и примерот на Словенија и Хрватска како земји кои, и покрај предизвиците во минатото, денес имаат силни односи и можат да претставуваат важен пример и поддршка за земјите од Западен Балкан во градењето посилна регионална соработка и стратешка отпорност.

Муцунски се осврнал на актуелните геополитички и безбедносни предизвици, стратешката важност на транспортните коридори и регионалната отпорност.

Тој нагласил дека членството во НАТО претставува значајна предност преку споделувањето информации, заедничките политики за отпорност и одвраќање, но истовремено предупреди дека безбедносните ризици во регионот остануваат присутни. Во тој контекст, посочил на руската агресија врз Украина, влијанието и активностите на Кина и Иран, како и на пошироките конвенционални и неконвенционални закани, вклучително и сајбер-влијанието и обидите за економска принуда.

Посебен акцент беше ставен на стратешкото значење на Коридорите VIII и X. Муцунски истакнал дека нашата држава е единствената во регионот каде што се вкрстуваат двата коридора, нагласувајќи дека транспортната и енергетската инфраструктура имаат директно значење за економската, политичката и безбедносната отпорност.

-Нашата отпорност е силна онолку колку што е силна нашата инфраструктура – порачал Муцунски.