Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Молебен во чест на Свети Кирил во Рим

Државно црковната делегација којашто ја предводи шефицата на државата Г.С.Д се поклони…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државно црковната делегација којашто ја предводи шефицата на државата Г.С.Д се поклони на гробот на свети кирил во базиликата св. Климент во Рим. Нејзе ја пречекаа македонски вернички коишто преку црковно здружение дошле да оддадат почит на делото на сесловенските просветители Свети Кирил и Методиј по повод денешниот празник. Горди што за првпат Македонија ја води жена не ја заборавија и македонската химна којашто одекна во една од најзначајните базилики во Рим.

Молебенот го одржаа дебарско кичевскиот митрополит Тимотеј и европскиот миѕрополит Пимен. Тој од Рим порача дека делото на браќата на сесловенските просветители треба да продолжиме да го славиме бидејќи преку азбуката и јазикот народите може меѓусебно да се слушнат и да се разберат.

„Токму тука, каде почива Свети Кирил, е победена тројазичната ерес. Тоа покажало дека на секој јазик може да се слави Господ Бог и со тоа се дава можност секој човек на свој јазик да слушне за Господа и да не биде само пасивен посматрач, туку активно да може да се посвети на службата“, рече европскиот митрополит Пимен.

Реклама

Претседателката Силјановска Давкова порача дека Свети Кирил е значаен бидејќи не обединува со словенските народи.

„Кирил бил со векови пред времето, Кирил го вградил не само својот живот, туку и нашиот живот на некој начин во Европа пред многу, многу векови и тоа мора да го почитуваме“, изјави денеска македонската претседателка Гордана Сиљановска Давкова по молебенот во чест на Свети Кирил, во базиликата „Свети Климент“ во Рим, каде се наоѓа и гробот на сесловенскиот просветител.

Македонката делегација цвеќе положи и пред плочата со македонски написи во базиликата Голема Богородица.

Попладне е предвидена средба со претседателот на Италија Серџио Матарела. Македонија оваа година во декември ќе одбележи 31 година од воспоставувањето на дипломатски односи со Италија.