Реклама

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Историски раст на авиосообраќајот во Македонија: Македонското небо добива највисоко ниво на контрола на безбедност

Николоски: Проблемот на превозниците ќе се решава со билатерални договори

Коцката е фрлена – 5 години затвор или слобода? Груби за 10 дена седнува на обвинителна клупа

Тешка ноќ за македонските пожарникари: По 24 часа пожарот кај Лознани локализиран во најголем дел

Критика, колку да се критикува: На СДСМ сега и́ смета и прославата на историскиот момент кога Македонија стана независна

Изолиран инцидент или предизвикување паника – Шестмина повикани на разговор во МВР за водата во Скопје

Сиљановска Давкова: Струга е пример за почитување на различностите и соживот

Македонија

Модна ревија во судница: И Јанева има „Луј Витон“, кај Боки 13 и Зоки Кичеец пронајдено оружје

Торба Луј Витон влезе во судница за случајот „Рекет“, но не онаа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Торба Луј Витон влезе во судница за случајот „Рекет“, но не онаа на Боки 13, оваа била пронајдена во домот на второобвинетата Катица Јанева. Втор ден како во судот се презентираат материјалните докази, а денеска судницата повеќе личеше на модна ревија, а во фокусот беше гардеробата на Бојан Јовановски. „Луј Витонот“ од видеата на Ла Верита се уште го нема, а ги нема ниту парите, 1,5 милион евра кои Орце Камчев тврди дека им ги дал на Зоки Кичеец и Бојан Јовановски. Ирена Фрчкоска, адвокатката на поранешната шефица на СЈО, не сакаше многу да коментира пред медиумите, само кратко порача дека во судницата се видело дека торбата на Јанева не истата како онаа на Боки 13.

-Вчера излегоа некои написи дека се работи за торбата Луј Витон која е одземена од Катица Јанева, дека станува збор за истата торба која ја споменува сведокот. Денеска имавте прилика да видите дека не станува збор за истата торба, тоа би го коментирале, изјави Фрчкоска.

Во судница беа презентирани и останати предмети одземени од куќите на Јанева во Скопје и Гевгелија, како и од канцеларијата во СЈО. Меѓу нив нотеси и други бели листови на кои бие напишани белешки. Внимание предизвика текст напишан со пенкало каде пишуваше- „други снимки мислам нема.“ Адвокатот на Јанева, Дељо Кадиев вели дека се уште немале увид во дел од доказите кои денеска Обвинителството ги презентираше.

Реклама

-Тек треба да видиме за што се работи. Ние немаме причина да тврдиме нешто што не е така, затоа што тоа што ни е дадено е снимено на УСБ и се гледа дека е тоа така. Веројатно е пропуст кој што сега судот ќе го исправи. Ќе видиме за кого се работи дали се некои белешки за своја употреба и така, изјави Кадиев.

Презентирани како докази беа предмети кои биле одземени од становите на Јовановски во селото Орман и населбата Тафталиџе. Имаше скап ентериер и мебел, многу парчиња брендирана гардероба, четири пиштоли, муниција, и банкноти од 50 евра, но премногу малку во однос на оние пари кои Боки 13 наводно ги земал од Орце Камчев. Иако веќе осуден презентирани беа предмети одземени од кај Зоран Милески- Кичеец, од таму во очи паднаа повеќе пушки, пиштоли и муниција.

Матеја Петровски