Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Многубројна публика и дегустација на македонски специјалитети на четвртото издание на „Вкуси го југот”

Локалните традиционални специјалитети кои се подготвуваат на крајот на летото или во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Локалните традиционални специјалитети кои се подготвуваат на крајот на летото или во есенскиот период како и македонското вино и ракија беа во фокусот и на овогодинешното издание на тридневниот фестивал „Taste the south –  Вкуси го југот”, што се одржа изминатиот викенд со подршка на Општина Гевгелија.

Како што информираат организаторите на фестивалот, на просторот на „Мега шопинг парк” во Гевгелија посетителите од различни генерации имаа можност да ја проследат подготовката на ајвар, да дегустираат специјалитети од смокви, како и да ја видат традиционалната подготовка на ракија.

Богатата музичка програма, според организаторите, е причината за спој на повеќе генерации на истиот простор, каде можеа да се проследат различни музички стилови за различни возрасни категории на публика. Фестивалот се отвори со настапот на ЗГУД „Негорци” од Негоцри, по што следуваа ЗГУД “Браќа Толеви” од Прдејци, Филип Стојанов, „Пауза за ракија”, „Куку Леле” и „Брас Брадарс”.

Реклама

Саботната програма ја отвори КУД „Танец” од Миравци, а потоа настапија „Леге Артис”, Кико Болеро и „Болеро бенд”, „Нокаут” и Игор Џамбазов во придружба на Гуру Харе. Неделната програма започна со школата за гитара и школата за тапани при Пионерскиот дом во Гевгелија, а по нив публиката ги проследи настапите на ансамблот “Бојмија”, танцовото студио “Мистик”, детските изведувачи од музичкиот фестивал “Калинка”, Наталија Данаилова и “Два бона”.


Четвртото издание го заокружи концертот на Каролина Гочева, додека водители на тридневната програма беа Дејан Малзарков познат како „Диверзија“ и Марко од емисијата „Дај побрзај“.
Според организаторите на фестивалот, и оваа година во фестивалската понуда учествуваа локални производители и македонски винарии.