Реклама

Паметна одбрана од пожари и поплави: Вештачка интелигенција за првпат во македонскиот систем за кризи

Разбиена терористичка келија на ИСИС – уапсени петмина кои планирале напади

Клековски: Ќе постапам за случајот со непотребните операции на срце кога ќе добијам безбедносен сертификат

Мицкоски: Енергетски сме стабилни, а инфлацијата е за 50% пониска од онаа во ЕУ

По децении чекање: Камен темелник за „Чебрен и Галиште“ следната година

Мицкоски: Македонија ќе ја прилагодува надворешната политика кон новите европски трендови

Мицкоски: Утре ќе биде отворен реновираниот студентски дом „Стив Наумов“, инвестициите во образованието се огромни и приоритет на Владата

Мицкоски: Во судството имаме измеќарско малцинство коешто им слугува на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Марихуана-политиката и „Стабри“-здравството беа понудата на Филипче, наспроти дата-центрите и развојот којшто мора да се случи во државата

Мицкоски: Со модернизацијата на хидроелектраните ќе го зголемиме производството на обновлива енергија

Мицкоски: Поранешната влада сама прифатила за услов промена на Уставот, сега ние се бориме за подобри позиции

Мицкоски: Овие од СДСМ што се против рудници нека ги прашаат граѓаните на Крива Паланка што мислат за антимонот — и нивниот градоначалник го поддржува проектот

Македонија

Многу беше ветувано, а ништо исполнето: Судството стана политичко и за функционери од власта

Пред да дојде на власт лидерот на СДСМ ветуваше реформа во судството…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Пред да дојде на власт лидерот на СДСМ ветуваше реформа во судството и негово отворање како пупка. Заев дури и раководеше со Советот за реформи во овој сегмент. Но дали имаше резултати? Во текот на трите изминати години, обвинувања дека власта се меша во работата на судиите и обвинителите, доаѓаа од повеќе страни.

Но, пред крајот на мандатот  проговори некогашната потпретседателка на СДСМ. Откако стана обвинета во случајот за Меѓународниот сојуз обвини за политички притисоци врз Обвинителството, со цел да се стопира нејзиниот ангажман во партијата за наредниот период.

-Факт е дека порачките за политички елиминации на најгруб можен начин се уште функционираат. Јас сум длабоко убедена дека изборот на денешниот ден не е случаен, имајќи во предвид дека политичките амбиции на одредени лица се пресилни за да земат во предвид било какви професионални ангажмани мои во минатото, изјави Ременски.

Реклама

Не само Ременски, дека политиката е вмешана во судството, обвини и поранешниот другар на функционерите од СДСМ, Бојан Јовановски. Човекот кој до пред неколку месеци имаше редовни средби со екс премиерот Заев, министри и градоначалници, сега се пожали дека политички затвореник.

-Го известувам судот дека се чувствувам како политички затвореник преку кој политичките субјекти ги водат своите битки со овој предмет… Се чувствувам загрозено и понижено и укажувам дека добивам закани за моја физичка ликвидација. Испратив писма до надлежните институции, вклучувајќи го и Љубомир Јовески. Одговор оттаму немам добиено, кажа пред судот Јовановски.

И покрај ваквите напади, од партијата на власт тврдат дека не се мешале во судството.

-Мешањето во третата власт е нешто кое не е карактеристика на ова парламентарно мнозинство и на оваа извршна власт. Да ги оставиме правосудните органи да ја извршуваат својата работа, изјави пратеникот Хари Локвенец.

Дека се потребни реформи во судството подолго време пораки испраќаат и од Европската унија, а експертската јавност во Македонија пак предупредува дека ништо од препораките на Прибе се уште не е исполнето.

Матеја Петровски