Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Економија

ММФ ја зголеми прогнозата за раст на македонската економија на 3,5 отсто за 2026 година

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ја зголеми прогнозата за економски раст на Македонија за 2026 година на 3,5 % од претходно превидените 3,1 %.

Во 2027 година ММФ очекува македонската економија да забележи раст од 3,2 %.

Од земјите во регинот, за Бугарија годинава е прогнозиран раст од 2,6 отсто, за Грција 1,8, Хрватска 2.2, Босна и Херцеговина 2,3, Црна Гора ,.0, Србија 3,2, а за Албанија и за Косово по 3,5 проценти.

Реклама

Неодамна и Светската банка ја ревидира прогнозата за економски раст на Македонија за 2026 година од 2,9 на 3,2 %. Како главни двигатели на економскиот раст беа посочени инфраструктурните проекти. За 2027 и 2028 година Светската банка превидува раст на македонската економија од 3,0 %.

ММФ во отомврискиот извештај за глобалните економски движења благо ја зголеми прогнозата за растот на светската економија во 2026 година на 3,1 отсто, но предупреди дека растот ќе остане слаб, а за влијанието на вештачката интелигенција врз пазарот на трудот оценката е дека ќе се шири како бавно цунами.

Фондот во јуни предвидуваше глобален раст од три отсто, а светската економија во 2025 година оствари раст од 3,5 отсто. Во најновиот извештај се наведува дека американската економија ќе бележи стабилен раст од 2,3 отсто и во 2026 и во 2027 година.

ММФ сега очекува цените на нафтата во текот на годината да се зголемат за речиси 41 отсто, на просечно 96 долари за барел, што би ја зголемило глобалната инфлација на 4,7 отсто во 2026 година, од 4,1 отсто минатата година.

Ажурираната прогноза беше објавена во пресрет на есенските состаноци на ММФ и Светската банка во Бангкок.

Во извештајот се наведува дека подемот на вештачката интелигенција ги ублажува негативните ефекти од значително повисоките цени на нафтата и гасот, но придобивките не се рамномерно распределени.

Прогнозите се засноваат врз претпоставката дека испораките на нафта и гас преку Ормуската Теснина ќе бидат обновени до март и дека побарувачката поврзана со вештачката интелигенција умерено ќе се намали.