Реклама

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Јавното обвинителство од Кочани побара притвор за бегалелката Ива Михаилова

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Македонија

ДИК ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за изборите во Брвеница

Државната изборна комисија на 19. седница едногласно ги утврди содржината, изгледот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државната изборна комисија на 19. седница едногласно ги утврди содржината, изгледот и заштитата на гласачкото ливче за Ппедвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, кои ќе се одржат на 18 октомври 2026 година.

Од ДИК информираат дека со цел зачувување на доверливоста на изборниот материјал и заштита на интегритетот на изборниот процес, преку утврдување на специфичните видливи и невидливи безбедносни елементи на ливчето, оваа точка се одвивала на затворена седница во согласност со соодветните одредби од Изборниот законик и член 33 од Деловникот на Комисијата.

– При дефинирањето на содржината на гласачкото ливче беа целосно применети законските норми, според кои материјалот се печати на македонски јазик и неговото кирилско писмо, а во согласност со застапеноста на заедниците во општина Брвеница и на службениот јазик и писмо што го употребуваат најмалку 20 % од граѓаните во оваа општина, како и на јазикот и писмото на заедницата на која ѝ припаѓаат кандидатите. Редоследот на кандидатите и нивните подносители е според утврдената единствена листа на кандидати, а самиот главен дел од ливчето ги содржи називот со името на општината, бројот на гласачкото место, името и симболот на подносителот, како и редниот број, името и презимето на кандидатите. Делот што останува на кочанот г содржи серискиот број, општината и бројот на гласачкото место. За затворениот дел од седницата ќе биде составен посебен записник кој соодветно ќе се архивира заедно со тонската снимка и нема да биде јавно објавен. Во рамките на усвоениот дневен ред, Државната изборна комисија едногласно го усвои и записникот од претходната 18-та седница – соопшти ДИК.