Реклама

30-дневен притвор за Кристијан Корабоски, кој до бесознание ја претепа Сара

Панел-дискусии во Собранието по повод 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав

Успешен старт на предвремениот откуп на тутунот – 435 денари за прва класа, најавено зголемување на субвенциите

Реновираниот студентски дом „Кузман Јосифовски – Питу“ ќе биде отворен во јануари, од февруари сместување

„Јавачи на трагедии“: Во отсуство на идеи, СДСМ спасот го гледа во злоупотребата на народниот гнев

35 години Устав на Македонија: Кратка, но и повеќе од бурна историја- до сега менуван осум пати, сега под бугарски притисок за нови измени

Кравите од Крива Паланка стигнаа до НАТО: градоначалникот бара меѓународна помош

АНБ и БЈБ открија проиранска мрежа која обучувала македонски државјани за атентат во Грција

Правда за Сара: Остри реакции од политичките лидери и партии

МКЦ се враќа на старите патеки: Новото издание на МОТ почнува на 18 ноември

Од барање за 30 дена кризна состојба до 10-дневна магија: Како градоначалникот Митовски ќе ги собира кравите во Крива Паланка?

Димитриеска-Кочоска: Буџетот за 2027-ма носи раст и јавен долг под 60% од БДП

Економија

Димитриеска-Кочоска на есенските средби на ММФ и Светската банка во Бангкок

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните есенски средби на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска ќе учествува на редовните есенски средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка, кои оваа недела се одржуваат во Бангкок, Тајланд – соопштуваат од Министерството.

Во рамките на средбите министерката ќе оствари билатерални средби со високи претставници на Светската банка и ММФ и со претставници на меѓународни финансиски институции, а ќе учествува и на состаноци посветени на регионалните економски перспективи и глобалните економски предизвици.

– Министерката ќе оствари работна средба и со потпретседателката на Светската банка, Антонела Басани, и потпретседателот на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) за Европа, Латинска Америка и Карибите, Алфонсо Гарсија Мора. Предвидена е и средба со извршниот директор на Светската банка за конституенцата во која членува Македонија, Јуџин Ругенаат. На средбите ќе се разговара за тековната соработка, активностите што се реализираат и можностите за нејзино натамошно унапредување. Министерката ќе оствари средба и со заменикот на генералниот директор на ММФ, Бо Ли, како и со директорот на ММФ за Европа, Матеуш Шчурек – информираат од Министерството за финансии.

Реклама

Во агендата се и средбите со извршниот директор на ММФ, Јерун Клик, и заменикот на извршниот директор, Марникс ван Рај, како и учеството на состанокот на земјите од изборната конституенца и настаните посветени на регионалните економски перспективи.

Според Министерството за финансии, на агендата се и состанокот на земјите од изборната конституенца, настаните во рамките на годишните средби, како и пленарната сесија на годишните средби на ММФ и Светската банка.

Учеството на овие средби претставува можност за размена на мислења за актуелните економски движења, фискалните политики и можностите за унапредување на соработката со меѓународните финансиски институции.

Во составот на делегацијата на есенските средби е и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески.