Реклама

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Македонија

Груби денеска излегува од куќен притвор

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Поранешниниот вицепремиер Артан Груби, кој е второобвинет во случајот „Државна лотарија“, денеска излегува од домашен притво, бидејќи истекува максимално предвидениот законски рок на оваа мерка.

Неговата одбрана во меѓувреме доставила барање до судот за укинување и на дополнителните мерки на претпазливост, а како гаранција дека тој ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка понуден е недвижен имот вреден 335.707 евра.

На Артан Груби, покрај куќниот притвор, му е определена и мерка привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница. 

Реклама

– Обвинителниот предлог, по кој е заведен кривичниот предмет, е поднесен на 13 октомври 2026 година. Во согласност со член 470 од Законот за кривичната постапка, притворот може да трае најдолго 60 дена од денот на поднесувањето на обвинителниот предлог. Поради тоа, како што беше посочено и претходно, а тоа беше потенцирано и од страна на судијата кој постапува по предметот, по сила на законот мерката куќен притвор за овој обвинет истекува на 13 октомври 2026 година. Воедно, покрај мерката куќен притвор, против обвинетиот е определена и дополнителна мерка на претпазливост, односно привремено одземање на патната исправа и забрана за издавање патна или друга исправа за преминување на државната граница, која ќе продолжи да важи и по истекот на законски предвидените 60 дена. Во однос на оваа мерка на претпазливост, одбраната до судот достави предлог, со кој, во согласност со член 150 од Законот за кривичната постапка, предлага нејзино укинување со определување гаранција. Имено, одбраната понуди недвижен имот во вредност од 335.707 евра како гаранција дека обвинетиот ќе биде достапен на органите на прогонот во текот на кривичната постапка. По понудената гаранција, оформен е предмет, кој е доставен на мислење до надлежното јавно обвинителство. По добивањето на мислењето, Кривичниот совет ќе постапува по предлогот и ќе ја извести јавноста – информираа од Основниот кривичниот суд – Скопје.

И председателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, неодамна потврди дека поранешниот прв вицепремиер Артан Груби од 13 октомври ќе се брани од слобода како обвинет во случајот „Државна лотарија“.

– Единствено што можам со сигурност да кажам е дека, без оглед на одлуката (на судот), ќе ја дочека на слобода. Притворот на Груби истекува на 13 октомври. Лицето ќе продолжи да го следи процесот и да се брани од слобода – рече Димовска во гостување на поткаст.

Артан Груби е обвинет во предметот „Државна лотарија“ за злоупотреба на службената положба и овластувањето. Обвинението против него и уште седум лица беше поднесено на 13 август 2026 година. Груби на судењето се изјасни за невин.

Поранешниниот вицепремиер, по повеќе од 14 месеци недостапност за органите на прогонот, во февруари годинава се врати во земјата и беше приведен на граничниот премин Блаце.