Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Младите во центарот на вниманието: Во Делчево се одржа посебна седница на Советот посветена на младинските политики

– Советите за млади не се само формалност, туку активен партнер во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Советите за млади не се само формалност, туку активен партнер во градењето на иднината на градот. Со ваква порака започна посебната седница на Советот на Општина Делчево, каде што фокусот беше целосно ставен врз потребите, иницијативите и предизвиците со кои се соочува младата популација во овој регион.

Седницата ја отвори претседателот на Советот на Општина Делчево, Николчо Стојменовски, кој подвлече дека ова е еден од најзначајните состаноци на локалната власт, бидејќи успехот на една општина не се мери само со градежни проекти, туку и со тоа дали младите сакаат да останат да живеат и работат во неа.

-Младите не се само наша иднина за која чекаме, тие се наша сегашност. Денес сме тука не за да зборуваме за младите, туку да ги слушнеме. Оваа седница треба да биде патоказ за сите идни одлуки што ги носиме како Совет и како институции“, истакна Стојменовски, апелирајќи до сите присутни директори и функционери на искрен и конструктивен дијалог.

Реклама

Во продолжение, градоначалникот на Општина Делчево, Иван Гоцевски, ги презентираше конкретните чекори и инвестиции кои Локалната самоуправа веќе ги презема за поддршка на младите. Тој нагласи дека целта е да се промени наративот за младите како пасивни набљудувачи и да им се овозможи тие самите да ги креираат политиките.

-Го зголемивме буџетот за општински стипендии и награди за талентирани ученици на 2 милиони денари, средства кои директно се инвестираат во иднината на Делчево. Веќе го отворивме Младинскиот центар, изградивме нов скејт-парк кој наскоро влегува во употреба, а следи и реконструкција на старата градска спортска сала. Младите за нас се сегашен потенцијал и сите изводливи идеи од оваа седница ќе ги претвориме во конкретни општински програми“, порача Гоцевски.

На крајот, од името на младите се обрати Искра Георгиевска, претседателка на Локалниот младински совет. Таа истакна дека оваа средба е доказ за подготвеноста на институциите за соработка и ги презентираше досегашните активности, но и новите регионални иницијативи.

-Изминатиов период инициравме соработка со младинските совети од Берово, Пехчево и Македонска Каменица со цел регионално поврзување на младите од Пијанечко-малишевскиот регион. Како главен приоритет го дефиниравме барањето за отворање на Кариерен центар за млади – предлог кој веднаш беше прифатен од Општината и веќе е во процес на реализација. Денес не дојдовме само да поставиме прашања, туку да започнеме процес во кој ќе бидеме дел од решенијата за Делчево да стане град во кој младите сакаат да останат“, нагласи Георгиевска.

Седницата продолжи со прашања, предлози и дискусија меѓу младинските претставници и раководителите на локалните институции, при што беа донесени заклучоци кои ќе треба да се имплементираат во наредниот период.