Реклама

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Македонија

„Младите доаѓаат“ – концерт на учениците од државите музички училишта

Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде. Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Под диригентската палка на Бисера Чадловска денеска ќе се одржи традиционалниот концерт со учениците од државните музички училишта. На концертот насловен „Младите доаѓаат“ ќе бидат изведени дела од Моцарт, Хајдн, Роули, Бернштајн, Елгар, Крепен, Капуци и Итуралде.

Ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива Амелија Микулчиќ – пијано ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (V одд. во класата на проф. Билјана П. Таковска) Јана Јованова – пијано ДМУЦ Штип, Ева Малиновска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Маре Видевска), Јована Јанкуловска и Деница Дена Симјаноска – соло пеење ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје  (II и IV година во класите на: м-р Наташа Еленова и м-р Гонца Богоромова Краповски), Ада Богоевска – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (II година во класата на проф. Александра Јаневска), Леонид Ржаникоски – саксофон ДМУ Битола (III година во класата на проф. Горан Трајковски),  Матеј Зимбаков – контрабас ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Дејан Митровиќ), Александар Ицковски – виолончело ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (IV година во класата на проф. Александра Јаневска) и Стефан Трајановски – саксофон ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј“, Скопје (I година во класата на проф. Владимир Трајановски).