Реклама

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Градежништвото ја движи економијата, Николоски не исклучува растот да ја надмине проекцијата на ММФ

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Македонија

Мизрахи: Во Треблинка загубив 83 родинини, срамно е во политичка битка да се користат вакви алатки

Срамно е политичката битка да се води со вакви алатки, порача техничката…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Срамно е политичката битка да се води со вакви алатки, порача техничката министерка за труд и социјала Рашела Мизхрахи, која изминативе деновиве од страна на функционери и симпатизери на СДСМ, стана цел на јавен линч поради нејзината етничка припадност. Таа вели како Еврејка во Македонија, растела во средина со различни етнички и верски заедници, и дека никогаш не било поставено прашање за тоа, кој што е. Прашува дали ќе било спорно доколку била Србинка, Влаинка или Турчинка.

-Нема да дозволам никој да го обележи мојот народ како антисемитски. Антисемитизам во оваа држава ниту постоел, ниту ќе постои. Во текот на Втората светска војна од моето семејство се однесени 83 членови. Додека сите вие имате широки семејства јас тоа го немам, сите се убиени во Треблинка во концентрационен камп. Го носам името на една од моите тетки. Срамно е во политичка битка да се користат вакви алатки, изјави денеска Мизрахи.

Алудирајќи на етничката припадност Мерсиха Смаиловиќ од СДСМ и порача на Мизрахи да си стави давидова ѕвезда. Доста пожестока од неа беше Видана Бошкова Мицевска, која на социјалните мрежи важи за голем поддржувач на политиките на власта. Таа без никаква причина направи етничко профилирање на техничката министерка. Порача дека не и пречело што Мизрахи упаднала во фашистичка партија, велејќи и кај нацистите во влада имало Евреи кои се бореле за плата и социјални права.

Реклама

Осуда за ваквите антисемитски напади пристигна од ОБСЕ. Велат податоците од последните седум години покажуваат дека инцидентите од говор на омраза во Македонија бележат историски пораст за време на предизборните периоди.

-Мисијата на ОБСЕ во Скопје ги осудува сите форми на расизам, антисемитизам и нетолеранција. Во дадениов момент, или било кога, Мисијата ги повикува членовите и поддржувачите на сите политички партии да се воздржат од изразување и споделување навредлива содржина на етнички, верски или друг основ, велат од ОБСЕ.

Еден од статустите каде Бошкова Мицевска ја напаѓа Рашела Мизраки, го лајкувал и Зоран Бојароски, советник за медиуми во Владата на СДСМ. Алфа уште пред неколку дена постави прашање до Илинденска, дали го поддржуваат потегот на Бојароски, но од таму се уште молчат.

Матеја Петровски