Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Мизрахи: Парламентарната соработка е важна за градење стабилни и трајни односи со Израел

Претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Државата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателката на Пратеничката група на Собранието за соработка со Парламентот на Државата Израел, Рашела Мизрахи, заедно со членовите на Пратеничката група, остварила средба со делегација на Министерството за регионална соработка на Државата Израел.

Како што соопшти собраниската прес-служба, на средбата било изразено задоволство од пријателските односи и досегашната институционална соработка меѓу двете земји. Мизрахи истакнала дека парламентарната соработка има значајна улога во градењето стабилни и трајни односи и во отворањето можности за нивно натамошно унапредување.

Во фокусот на разговорите било продлабочувањето на соработката во повеќе области од заемен интерес, меѓу кои образованието и универзитетската соработка, старт-ап компаниите, земјоделството, енергетиката, индустријата, технологијата, како и унапредувањето на деловната соработка меѓу двете земји.

Реклама

На средбата се разговарало и за евроинтегративниот процес и патот на нашата земја кон членство во Европската Унија.

Од Собранието додаваат дека соговорниците се согласиле дека создавањето подобра иднина е во интерес на двата народа и на двете држави, а дека тоа може да се гради преку подобро поврзување, размена на искуства и континуирана соработка.