Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Економија

Мизо: Странските инвеститори засега немаат драстично намалување на нарачките, но ризици постојат

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Странските инвеститори во земјата засега немаат драстично намалување на нарачките поради случувањата на Блискиот Исток иако укажуваат дека проблем не е само цената на горива, туку постојат ризици од разни аспекти, кои може да се рефлектираат како недостиг на горива, керозин, алуминиум…

– Сè уште немаме видливо директно намалување, иако на неделно ниво понекогаш постојат мали флуктуации на нарачките. Драстично намалување сè уште не постои бидејќи има несигурност и сите чекаат да видат што ќе се случи. Ситуацијата е флуидна, но не можам да кажам директно дали и во колкав обем ќе има влијание со нашите клиенти,- изјави денеска Виктор Мизо, претседател на Советот на странските инвеститори.

Кризата, вели Мизо, ги погодува сите, без разлика каде се наоѓаат. Она што треба да се направи, додава тој, е да се искористи моментот и да се најдат можности да се биде поконкурентен од сестринските фирми. 

Реклама

– Ова е глобален проблем. Не е важно дали сме лоцирани во Македонија или нашиот конкурент е лоциран во која било друга држава, така што зголемените трошоци за енергенти, петрохемиски материјали или репроматеријали ќе се рефлектираат на ист начин. Ова значи ќе биде погодена индустријата глобално и потенцијалното намалување на побарувачка ќе се одрази на сите места и потоа можеби ние на кој начин можеме да ја креираме можноста да бидеме поконкурентни од нашите сестрински компании во Европа и намалувањето во Македонија да биде помало отколку на друга алтернативна локација. Секоја криза треба да се земе предвид, дури и ако помалку се намалите од вашата конкуренција, пак сте подобри – вели Мизо. 

Само во деновите од блокадата на транспортерите, транспортните трошоци на странските компании, како што посочи Мизо, се движеле од неколку илјади евра до неколку миилиони евра од компанија поради тоа што некои од компаните морало да се снаоѓаат и со авионски летови да ги пренесуваат своите производи. 

– Компаниите ќе ви кажат – ако не можете да ги проголтате тие трошоци, најдете алтернативна локација за производство, која не е лоцирана во Западен Балкан. Ако кој било од нас треба да го однесе производството во која било од нашите сестрински компании во Европската Унија, тоа значи дека нема повторно да се врати, така што тоа е ризик – нагласува Мизо.