Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Митева до Спасовски: Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш

Гледам дека Оливер Спасовски денеска од собраниска говорница ми го спомнувал името…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Гледам дека Оливер Спасовски денеска од собраниска говорница ми го спомнувал името и правел политички конструкции чија цел е моја политичка дискредитација и ништо друго.

Знам дека собраниската говорница носи комоција и немање одговорност за изнесени ставови и ти дава комфор да искажуваш тешки квалификации, но би било храбро да го повториш тоа што го кажа денес надвор од таа говорница, со таков скандалозен наслов како што сте си го објавиле на youtube каналот на СДСМ.

Повтори дека некој фалсификувал документи за да ме спаси мене. Или дека имало намера, насока или било каква интервенција од мене некој да направи нешто спротивно на закон за да ме „спаси“ – вели во објава на Фејсбук портпаролката на Влада и претседателка на Унија на Жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Реклама

Кажи го тоа директно. Со име и презиме. И со доказ.

Затоа што никогаш не сум барала од кого било да ме „спасува“. Твојата конструкција е очигледна и сакаш политичка приказна, а моето име го ставаш во неа само за да ме дискредитираш.

Знаеме сите дека СДСМ има искуство со вакви конструкции. Долго време бевте на чело на систем во кој политичките приказни, инсинуациите и „оперативните“ конструкции се користеа како средство за пресметка со политички противници.

И кога веќе толку лесно зборуваш за „фалсификување“, редно е да се потсетиме и на времето кога беше министер за внатрешни работи и кога се откри скандалот со група полициски службеници вмешани во издавање 214 пасоши на странски државјани под туѓ идентитет, меѓу кои, имаше и лица поврзани со меѓународни криминални групи.

Затоа, Спасовски, помалку конструкции од говорница со моето име во нив.

Погледнете ја објавата на следниот линк: