Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Митева: Членството на СДСМ не се идентификува со лидерот на партијата

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде говореше на темата за политичко лидерство, за што вели дека довербата во еден политички лидер се гради преку конзистентноста на ставовите, посветената работа и резултатите што ги постигнува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. 

Како што се наведува во соопштението, според неа, разликата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на СДСМ е очигледна токму во овие аспекти. Таа додаде дека лидерот на СДСМ и самата партија има недоволна поддршка од членството, поради начинот на комуникација, променливите ставови.

– Трите работи по кои што се идентификува граѓанинот со лидерот на политичката партија се конзистентностна ставови, работа, посветеност и резултати од таа работа. Конзистентноста на работите која што ја кажува еден лидер, работата согласно тие ставови кои што ги има и резултатите кои што ги даваат се, за мене, навистина еден клучен сегмент, зошто би ја имал еден лидер довербата – вели Митева.

Реклама

Таа рече дека ако се споредат Христијан Мицкоски и Венко Филипче во однос на конзистентноста на нивните ставови, разликата е јасно видлива и може да се согледа преку повеќе параметри и индикатори.

– Од начин на водење на сопствената партија, од наназад начин на водење на институциите, додека бил во рамки на извршната власт, од рамки на комуникацијата која што ја има со новинарите, со медиумите, коишто за мене, како личност која што работи во таа сфера, со тие луѓе, е навистина непримерна, зачудувачка и нејасна од многу страни – рече Митева и додаде:

– Не можете вие поради интересот на јавноста и поради тоа што не ви се допаѓаат нечии ставови или прашања, да имате бурен и несоодветен однос. Од промената на ставовите по однос на едно или друго прашање, од немањето консолидација во самата пратеника група, каде што и самиот е дел од таа пратеничка група на сопствената политичка партија.

Според неа, можат да се забележат различни состојби кои се случуваат во моментов кај опозицијата, а кои ги нема во лидерството на ВМРО-ДПМНЕ и актуелниот претседател.

– Клучна е разликата по овие работи и мислам дека е многу јасен феноменот,  каде што Венко има понизок рејтинг од својата партија е фактот, каде што ние гледаме дека идеолошки луѓето и што се членови, симпатизери, кои што ја поддржуваат таа идеологија, социјалдемократијата, не се идентификуваат со начинот на којшто лидерот ја води партијата или политиките кои што ги презема. И можеме ние да го видиме, низ дневни преписки кои што ги имаат, дневни лоши состојби кои што се случуваат, откажувањата на конгресите неколку пати во нивната партија. Има таму големи турбуленции, но за жал, нема човек којшто тоа може д аго види или пак многу поверојатно тој човек го гледа тоа, но инсистира на уништување на својата политичка партија за зачувување на тоа лидерско столче, кое што не му се напушта – заклучи Митева.