Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Мисајловски: ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе освои повеќе од 50 градоначалници 

Разликата е некаде 3:1, некаде е 6:1, 7:1, а има општини каде…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Разликата е некаде 3:1, некаде е 6:1, 7:1, а има општини каде што е 10:1. Во некои општини СДСМ е трета партија. Досега веќе се одбраа градоналаници во Кисела Вода, во Охрид, во Радовиш, Во Гази Баба, во Пехчево, во Делчево, во Ѓорче Петров, во Прилеп, во Битола, во Берово, во Гевгелија, во Сопиште, во Штип, во Бутел, Аеродром, Јегуновце, во Вевчани и на многу други места, изјави вечерва потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски. 

– На прагот сме на убедлива победа во Струмица. Орце води убедливо во Скопје. Бројките ги собираме и сакаме да бидеме прецизни, рече Мисајловски.

За Центар коалицијата води, а за Тетово кажа дека Билал Касами од Вреди води 2:1. Во Карпош кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мисајловски, води убедливо, но најверојатно ќе има втор круг. 

Реклама

Според него, владејачката ВМРО-ДПМНЕ можеби ќе освои повеќе од 50 градоначалници. 

И тој зборуваше за нерегуларности на кои посочува СДСМ, истакнувајќи дека разликата е толку огромна и убедлива што нема простор за ваквото алиби на СДСМ со кое сака да се оправда.

– Изворот и причините за својот дебакл треба да си го бараат во сопствените редови. Што се однесува за ДУИ, очигледно е дека се декласирани. Али има време да си го анализира својот пораз, рече Мисајловски.