Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Мисајловски-Сајовиц: Македонско-словенечката соработка е пример за сојузништво и меѓусебна доверба

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска престојува во официјална посета на Словенија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска престојува во официјална посета на Словенија, каде со највисоки воени почести беше пречекан од неговиот словенечки колега, министерот за одбрана Борут Сајовиц.

Во рамки на посетата, министерот Мисајловски, како што соопшти МО, остварил тет-а-тет средба со Сајовиц, по што се одржале разговори меѓу двете делегации, а бил потпишан и Планот за билатерална соработка меѓу двете земји за 2025 година.

Мисајловски ги оценил македонско-словенечките односи во делот на одбраната како пример за тоа како треба да соработуваат две исклучително пријателски и сојузнички земји, истакнувајќи дека тие се базираат исклучиво на меѓусебна почит и силна доверба.

Реклама

„Соработуваме во многу области во одбраната – против-воздушната одбрана, логистиката и јавните набавки, военото разузнавање, инспекцијата, НАТО – планирачкиот процес и многу други. Нашите војници не само што вежбаат и се обучуваат заедно, тие заедно го носат товарот и на колективната одбрана на Алијансата, служејќи во мултинационалните сили на НАТО во Латвија. Во тоа се гледа заедништвото“, истакнал Мисајловски на заедничката прес-конференција со министерот Сајовиц.

Министерот за одбрана се осврнал и на словенечката поддршка во борбата со пожарите минатото лето при што нагласил дека таа е круна на соработката и дека „професионалноста на припадниците на словенечките вооружени сили, полиција и цивилна заштита и нивната пожртвуваност … е видена и неизмерно ценета“.

Како чин на благодарност, как што е наведено во соопштението, денеска во вилата Подрожник, Мисајловски ќе им додели признанија на припадниците на словенечката полиција, Армијата и на Словенската управа на заштита и решавање, кои беа активно вклучени во борбата со пожарите.

Словенечкиот министер Сајовиц ја оценил соработката во одбраната како „многу добра“ и дал силна поддршка за членството на нашата земја во Европската Унија, укажувајќи дека членството во Унијата е добро и за животот и безбедноста во регионот.

Сајовиц се осврнал и на заедничките активности во регионален и НАТО контекст, споменувајќи ги Балканските медицински наменски сили и Централно-европската одбранбена соработка, како и заедничкото учество во мултинационалните сили на НАТО во Латвија.