Реклама

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Детското насилство сè побрутално – тепачки, ножеви и понижувања пред камери

Инвестициите во инфраструктурата ја менуваат транспортната позиција на Македонија

„Сејф сити“ ги намали несреќите – камерите го сменија однесувањето на возачите

ДУИ со блокада против државата – Собранието стана арена за партиска пресметка

МАКЕДОНЦИ НЕ БИДЕТЕ „НЕВИДЛИВИ“: Почнува пописот во Австралија, шанса која Македонците не смеат да ја пропуштат

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

Македонија

Мисајловски од Брисел: Потребен е континуиран раст на одбранбениот буџет

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од седиштето на НАТО во Брисел изјави дека на состанокот на Северноатлантскиот совет со колегите министри разговарале за клучните предизвици во наредниот период, со посебен акцент на одбранбените буџети и постигнувањето на целта од 3,5 проценти од БДП. – Главната тема беше буџетот и колку ќе се издвојуваат средства […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска од седиштето на НАТО во Брисел изјави дека на состанокот на Северноатлантскиот совет со колегите министри разговарале за клучните предизвици во наредниот период, со посебен акцент на одбранбените буџети и постигнувањето на целта од 3,5 проценти од БДП.

– Главната тема беше буџетот и колку ќе се издвојуваат средства во наредните 10 години. Ова претставува основа за самитот што следи во Анкара – изјави Мисајловски.

Тој посочи дека нашата земја во моментов издвојува 2,18 проценти од буџетот за одбрана, што, како што нагласи, е значителен износ. Воедно, информира дека над 32 проценти од средствата се насочени директно во модернизација на Армијата.

Реклама

– Она што се бара од нас е во наредните години да стигнеме до 3,5 проценти, со фокус на развојот на способностите и модернизацијата – рече Мисајловски, додавајќи дека ќе се продолжи со уште поголем интензитет на инвестиции.

Министерот оцени дека сите земји-членки се соочуваат со слични предизвици, особено во обезбедувањето континуиран раст на буџетите, но потенцираше дека со заеднички и солидарен пристап може да се реализираат заеднички проекти.

Како дополнителен позитивен фактор, тој ги истакна инвестициите во инфраструктурните проекти, посочувајќи дека Коридорите 8 и 10 имаат значење и како НАТО-коридори.

На маргините на состанокот министерот остварил билатерални разговори со повеќе колеги, меѓу кои и со грчкиот министер за национална одбрана, Николаос Дендијас. На средбата, како што информираат од Министерството за одбрана, била истакната заедничката стратешка определба за стабилен регион и силна колективна одбрана, како и значењето на континуираната одбранбена соработка.