Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Мисајловски на одбележување на Денот на Воената академија: Создаваме врвен офицерски кадар способен да одговори на современите безбедносни предизвици

Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем – рече министерот Владо Мисајловски, на свеченоста по повод одбележување на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ова е ден кога им оддаваме признание на генерациите питомци кои своето образование го минале токму тука, на офицерите и професорите кои со својата работа, знаење и посветеност ја граделе и ја унапредувале Воената академија како еден од најзначајните столбови на македонскиот одбранбен систем – рече министерот Владо Мисајловски, на свеченоста по повод одбележување на Денот на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје.

Мисајловски истакна дека изминатите две години на Академијата се реализирани значајни проекти кои се инвестиција во идните генерации офицери и дека во идниот период ќе се продолжи со инвестирање во современо образование, преку реновирање на објекти, изградба на Воен музеј и воспоставување на лабораторија за напредни информациски технологии.

– Повеќе од јасно е дека денес безбедноста не се брани само на терен. Таа се брани и во сајбер-просторот, во сферата на информациите, преку научните истражувања, технолошките иновации и меѓународната соработка. Токму затоа во финална фаза е акредитирањето на новата студиска програма за сајбер-безбедност и дигитална форензика, како и реакредитацијата на постојните студиски програми за командно-штабна академија, безбедност и одбрана, сајбер-безбедност и кризен менаџмент“ – потенцира министерот.

Реклама

Додаде дека Воената Академија е препознаена и надвор од границите на државата, и дека знаењето создадено на Академијата е почитувано во рамките на НАТО и меѓународната академска заедница.

Деканот на Воената Академија, полковник Ненад Танески, порача дека Воената академија, преставува единствена високообразовна научна институција, која во својата организациска и функционална поставеност зазема посебно место во националниот образовен и одбранбен систем. Тој посочи дека Академијата активно работи на унапредување на военото образование  и на реализација на повеќе значајни развојни проекти, за кои има силната поддршката од министерството и министерот Мисајловски.

– Воената академија има света мисија – да создава кадар кој ќе ја чува безбедноста, суверенитетот и угледот на Македонија, но и достоинствено ќе ги брани нејзиниот јазик, идентитет и историска вистина. Наша обврска е да изградиме силни институции, образовани и чесни генерации и држава која ќе биде почитувана. А тоа започнува токму тука – со знаењето, дисциплината и патриотизмот што се вградуваат во секој питомец и студент на Воената академија – порача полковникот Танески.

На денешната свеченост присуствуваше и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, заменикот министер Адмир Шабани, гости од воено дипломатскиот кор, од Армијата и Министерството за одбрана.