Реклама

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Македонија

Министерство за правда: СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните

СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ продолжува по патот на деструкција и креирање дезинформации на штета на граѓаните на Македонија. Очекувавме поконструктивен пристап, не заради нас, туку во интерес на доброто на државата. Но, досега, освен саботажа на дневнополитичка основа, ништо друго не видовме. Се надевамe дека ќе успеат да се надминат себеси и, во интерес на граѓаните, ќе се обидат да бидат покооперативни во иднина, реагираат од Министерството за правда на тврдењата на СДСМ дека оваа институција ја саботира реформската агенда.

Ние, како Министерство за правда, велат оттаму, остануваме посветени на реформите – не во интерес на поединци или тесни групи, туку затоа што тоа им го должиме на граѓаните. Се надевамe, нагласуваат,  дека еден ден и СДСМ ќе успее да го види тоа.

-Но, самиот факт дека „предводникот“ на работната група на СДСМ за реформи во правосудството е политиколог, а не правник, неспорно укажува дека станува збор за чисто политички забелешки и празна демагогија, а не за правно издржани ставови. Работата на Министерството, како и досега, останува отворена и транспарентна за сите. Токму критиките упатени кон Законот за Судскиот совет укажуваат на чисто дневно политиканство и празна фразеологија во дадената изјава. Законот е резултат на темелна анализа и повеќемесечна стручна работа, имајќи ги предвид препораките од оценската мисија, коментарите од Венецијанската комисија, сè со цел да се обезбеди независност на судството и заштита на правната држава, се вели во реакцијата од МП.

Реклама

Според Министерството, во текот на работата, изминатите месеци биле разгледани бројни коментари од политичките партии, вклучувајќи ги и тие на СДСМ – иако биле доставени крајно задоцнето – како и коментари од заинтересирани граѓани и бројни правни експерти. Никој, велат од МП, нема да дозволи политички договори и мешање во судските институции.

Во однос на критиките за Законот за јавното обвинителство, укажуваме дека во текстот објавен на ЕНЕР се имплементирани сите препораки од реформската агенда.

-Дополнително, Законот, заедно со Законот за Советот на јавните обвинители, ќе биде доставен на мислење до Венецијанската комисија пред нивното финализирање и процесуирање во Владина постапка, велат од Министерството за правда.

Оттаму го повикуваат СДСМ да престане со саботажите и да застане на страната на државните интереси, а не на партиските пресметки.

-Судството не смее да биде полигон за политички пазарења, туку независна гранка на власт која ќе обезбедува правда за сите граѓани, се вели во реакцијата од Министерството за правда.

Тврдењата дека одбиваат соработка, тврдат, се лага, а обидите за блокада на реформите се обиди на СДСМ да го спречат напредокот поради сопствени партиски интереси.