Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Заштита на македонските национални интереси, развивање на економската дипломатија и заштитата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Заштита на македонските национални интереси, развивање на економската дипломатија и заштитата на граѓаните кои живеат надвор од границите на нашата држава, се трите стратешки интереси за македонската дипломатија.

Прв пат по седум години еден министер за надворешни работи го свика Амбасадорскиот совет, за координирање на нашата дипломатија, која мора да биде подготвена за предизвиците што произлегуваат од геополитичките игри на глобална сцена.

Реклама

„Прво е заштитата на македонските национални интереси. ​Второ е користењето на потенцијалот на нашите дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија, но и стимулирање на трговијата, односно извозната компонента на нашата економија. ​Третата е заштитата на интересите на нашите граѓани надвор од нејзините граници — независно дали се тоа Македонци коишто живеат надвор од нашата држава или се тоа наши граѓани коишто патуваат заради различни причини“, истакна министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

Особено внимание амбасадорите и конзуларните претставници во иднина ќе мораат да посветат на трговската соработка со земјите домаќини, како и на промоцијата на македонското стопанство. Пазарот на ЕУ останува наша примарна цел, но ќе се прават обиди и за присиство на други пазари.

„Најзначаен трговски партнер се земјите членки на Европската Унија. Но, еднакво значајно во последниот период и импетусот, кој што го даваме насочен кон засилена трговска соработка со Соединетите Американски Држави. Скоро беше тука во посета претседателката на Индија. Индија исто така е еден значаен пазар. Земјите од Арапскиот Залив се исто така земји со кои што гледаме интерес и гледаме засилена соработка во следниот период. ​Така што, секако примарна ни е соработката со оние традиционални трговски партнери, но отвораме можности и за нови пазари и тоа се дел од приоритетите на нашите дипломатско-конзуларни претставништва“, посочи Муцунски.

Министерот истакна дека речиси сите претставници на дипломатско-конзуларните претставништва се присутни на Амбасадорскиот совет во Скопје, а отсутни се само неколкумина, кои од оправдани причини не биле во можност да допатуваат.