Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Мицкоски: Скандалозна е одлуката на обвинителството за случајот со модуларните болници

За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово каде изгореа 14…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

За случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово каде изгореа 14 луѓе секогаш може да се најдат нови докази и тој повторно да стане актуелен, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчера објавената инфомација дека нема кривично дело кое би произлегло од јавните набавки за 19-те модуларни болници. Мицкоски со жалење повтори дека шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) и луѓето што го воделе овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случај во којшто живи гореа 14 луѓе. Одлуката на обвинителството за него е скандалозна. 

– Ова е процес што трае веќе пет години, процес што изминативе пет години околу себе мобилизираше разни информации, но она што е исто така значајно да се напомене е дека во модуларната болница во Тетово живи гореа 14 луѓе. Ќе повторам, живи гореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово. За жал, обвинителот кој е во заминување, колку што сум информиран е распишан оглас за избор на нов обвинител во ОЈО ГОКК претпоставувам своите должничко доверителски односи кон претходната влада одлучува до крај да ги испорача и не му значат тоа што живи гореа 14 луѓе, и одлучува овој процес да го стопира – рече Мицкоски.

Премиерот истакна дека сака јавноста да знае дека ова не е политичка амнестија „на тој обвинител кон поранешните негови наредбодавци бидејќи секогаш може да се појават нови детали кои се поврзани со овој процес, и секогаш овој процес може да стане актуелен и да почне од почеток“.

Реклама

– За жал, една од тие скандалозни одлуки е и оваа. Она кое што мене ме збунува а стига како порака од опозицијата е до вчера тие што критикуваа за односот на правосудните органи сега ги фалат и се полни со хвалоспели за нивната работа и т.н. објективност, но ќе повторам овој обвинител и луѓето што го водеа овој случај не најдоа докази за сторено кривично дело во случај во којшто живи гореа 14 луѓе – рече премиерот Мицкоски.

ОЈО ГОКК по извршени проверки и анализа на прибраната документација, оцени дека не постојат основи на сомнение за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 од Кривичниот законик, ниту за друго кривично дело кое се гони по службена должност, во врска со јавните набавки за изградба на 19 модуларни болници.

Предметот беше оформен на 10 септември 2021 година по иницијатива на ОЈО ГОКК, со цел да се провери документацијата поврзана со набавката и да се утврди дали при нејзиното спроведување постојат елементи на кривично дело.