Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Повеќе од 12 милиони евра се инвестираат во Општина Прилеп за капитални проекти

Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Имаме повеќе од 1.200 градилишта коишто се резултат на проектот за децентрализација на средства од централниот буџет кон општините – информира денеска премиерот Христијан Мицкоски при посетата на општина Прилеп. 

Мицкоски посочи дека во Прилеп за капитални проекти се инвестираат 12 милиони евра, потенцирајќи дека посакува нивната реалзирација да биде во зададените рокови.   

– Од градоначалникот бев информиран дека повеќе од 12 милиони евра се проектите коишто се финансираат од страна на Владата во Прилеп преку оваа програма. И кога на тоа ќе се додадат и средствата што Општина Прилеп ги издвојува за капитални инвестиции, плус други програми коишто доаѓаат од другите министерства надвор од оваа програма, тогаш доаѓаме до една огромна бројка на проекти коишто ќе имаат задача да го подобрат квалитетот на живот во Прилеп, изјави Мицкоски, кој изврши увид во градежните активности за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Кузман Јосифовски“ и во изградбата на кружниот тек кај мостот „Табана“.

Реклама

Како што посочи вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, преку програми од Министерството за транспорт во Прилеп се инвестираат 9,5 милиони евра.

– Преку првиот повик се одвоени три милиони евра, во вториот 4,5 милиони, имаме и програма со Светска банка од 350 000 евра. Не ги забораваме и оние на кои им е најпотребна поддршката – социјално загрозените, 1,5 милиони евра се инвестираат за изградба на зграда со социјални станови преку АД за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, која до крај на годината треба да биде завршена и до пролет и становите да бидат поделени. Ќе работиме со градоначалникот и на нови проекти – изјави Николоски.

Градоначалникот Дејан Продановски информираше дека Прилеп до крајот на годинава ќе го добие најголемиот кружен тек што ќе биде најскап проект досега во градот.  Продановски соопшти и дека е склучен договор во вредност од 168 милиони денари за подобрување на инфраструктурата во градот, од кои за годинава се предвидени 60 милиони денари за нови коловози, пешачки патеки, потпорни ѕидови.  Веќе се заокружува и реконструкцијата на плоштадот Методија Андонов-Ченто во површина од 2100 метри квадратни.