Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Мора да се почитуваат правата на Македонците во Бугарија. Со Румен Радев…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Мора да се почитуваат правата на Македонците во Бугарија. Со Румен Радев на иста маса само доколку има можност за конкретни и ефективни решенија, а не и за губење време, порача премиерот Христијан Мицкоски. Сепак вели дека во овој момент нема иницијатива за заедничка средба. Би разговарал со својот бугарски колега, доколку навистина постои шанса да се доближат позициите меѓу двете држави. Црвените линии на македонската Влада се јасни, а за исчекор напред добра волја мора да има и кај Софија. Иако една од претходните бугарски Влади има донесно декларација дека ќе ги почитува човековите права, сепак такво нешто не постои, барем кога е во прашање македонската заедница. Мицкоски потенцира дека Софија континуирано избегнува да ги регистрира македонските здруженија, иако за такво нешто има дузина пресуди од Судот за човекови права во Стразбур.

-Јас сум подготвен во било кој момент да седнам и да разговарам, но средба колку да биде само средба, а притоа да нема никаков ефект, не сум љубител ниту на губење на своето, ниту на неговото време. Очекувам дека дипломатските обиди да се изнајде решение претходно ќе ги доближат позициите на двете страни, па ако има можност за такво доближување тогаш апсолутно сум подготвен да седнам на маса, изјави Мицкоски.

За односите со Македонија во отчетот за 100 дена од својата Влада, говореше и премиерот на Бугарија Румен Радев. Според него треба да има поддршка за добрососедските односи со Македонија, но не безусловно туку со исполнување на преземените обврски и со реалната заштита на правата на Бугарите во Македонија. 

Реклама

-„Активна, принципиелна и национално одговорна билатерална дипломатија“ со Република Северна Македонија. Владата предводена од премиерот  Румен Радев ги  поддржува   „добрососедските односи, но тие се поврзуваат со исполнувањето на преземените обврски и со реалната заштита на правата на Бугарите во Република Северна Македонија“, се вели во отчетот на Радев.

Според Мицкоски Бугарија може да земе пример од нас за почитување на човековите права, бидејќи нашиот Устав нуди сериозна заштита за сите граѓани, вклучително и Бугарите. Тоа го докажува и фактот што е прекината мониторинг и пост мониторинг мисијата на Советот на Европа, во овој дел.

Матеја Петровски