Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Македонска Каменица и Белица ја продолжуваат прекуграничната соработка преку проектот ALLURE

Општина Македонска Каменица ја продолжува прекуграничната соработка со општините од Република Бугарија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Општина Македонска Каменица ја продолжува прекуграничната соработка со општините од Република Бугарија преку проектот ALLURE, насочен кон поврзување на природните и културните потенцијали и развој на активниот туризам во пограничниот регион.

Во Белица вчера се одржа работна средба на која учествуваа градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, градоначалникот на Белица, Радослав Ревански, градоначалникот на Јакоруда, Мехмед Вакљов, и градоначалникот на Карбинци, Виктор Паунов.

На средбата беа разгледани активностите и можностите за натамошно унапредување на соработката во рамки на проектот ALLURE, со посебен акцент на туристичката инфраструктура, промоцијата на природното наследство и создавањето нови услови за развој на локалната економија.

Реклама

За Општина Македонска Каменица, како што информира Стаменкова, проектот носи конкретни придобивки преку реализација на планинска велосипедска патека во должина од 26,1 километри, како и набавка на пет електрични планински велосипеди.

-Преку проектот ALLURE создаваме конкретна туристичка инфраструктура која ќе придонесе за поголема промоција на природните убавини и потенцијали на Македонска Каменица. Планинската велосипедска патека и електричните велосипеди ќе овозможат нова содржина за љубителите на активниот туризам и ќе придонесат кон збогатување на туристичката понуда- истакна Стаменкова.

Таа посочи дека прекуграничната соработка е значајна за поврзување на општините и заедничко искористување на потенцијалите што ги нуди регионот.

-Со оваа соработка го поврзуваме природното и културното наследство од двете страни на границата, но истовремено создаваме можности за развој на локалната економија, нови туристички производи и поголема видливост на нашиот регион. Важно е ваквите партнерства да продолжат и во иднина, со конкретни проекти кои носат придобивки за граѓаните- додаде Стаменкова.

Проектот ALLURE претставува можност за дополнително туристичко поврзување на пограничниот регион и за создавање услови за развој на активниот туризам, со искористување на природните ресурси и културното наследство на општините вклучени во соработката.

Преку реализацијата на предвидените активности, Општина Македонска Каменица продолжува со вложувањата во развој на туристичката инфраструктура и промоција на потенцијалите на општината како атрактивна дестинација за активен и планински туризам.