Реклама

35 пожари во едно деноноќие: Драматична борба со огнот во Македонски брод, Прилепско и Липково

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Македонија

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска, во скопскиот регион 34 ризични подрачја

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, а регистрирани…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Вкупно 43 случаи на западнонилска треска се потврдени во Македонија, а регистрирани се и први случаи во општините Центар и Чаир. Во скопскиот регион има 34 ризични подрачја од кои 13 се високоризични, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство, Сашо Клекоски.

Тој истакна дека има прва лоцирана мртва птица, гавран со потврдена западнонилска треска во Скопје. Угинатите птици се собираат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство.

Министерот за здравство посочи дека има два критериума за ризичност – застоеност на водата и високо ниво на органска материја. Високо ризични, според него, се каналите за наводнување во Скопско Поле.

Реклама

– Значи, река која е проточна, која има риби во нејзе, самата по себе не е ризик. Бидејќи чим е водата проточна, ризикот од ларви е помал, а ако има жив свет, риби, нема многу органска материја и распадни материи, а и рибите се хранат со ларви. Водата треба да е застоена и да има отпад во таа вода. Примерите на високоризични води се генерално каналите за наводнување во Скопско Поле. Серава е дел од проблемот во Арачиново и Бутел, каналите во Илинден, Стајковци и Сингелиќ во Гази Баба, главниот канал во Илинден на Скопско Поле, каналите во Драчево, Батинци и Студеничани, истакна Клекоски.

Како визок ризик, подвлече тој, се и септичките јами.

– Улиците и населените места со голем број септички јами влегуваат во висок ризик. Гробишта, заради застоената вода во вазните и присуството на органски материјали во нив. И третата група се отпади за стари гуми или генерално старите гуми. Старите гуми и отпадите за стари гуми, ако не се соодветно чувани, се идеални престојувалишта за комарците, додаде министерот.

Тоа, според него, е видливо и е помалиот дел, но, поголем дел се малите работи како расипани хидранти, скршени јавни чешми, саксии со цвеќе што се чуваат надвор, стари буриња со дождовница…

Правилното наводнување, односно прскање на парковите, министерот Клековски, истакна дека не е ризик, но ако се остави цревото и се поплави подрачјето, може да биде ризик.