Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Прилози

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

Екс-генерален извршен директор на прилепскиот Тутунски комбинат, еден координатор на група за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Екс-генерален извршен директор на прилепскиот Тутунски комбинат, еден координатор на група за обезбедување, еден сопственик на фирма од с. Мало Коњари, како и фирмата, се сомничат дека со своето незаконско работење во 2021/2022 година го оштетиле буџетот на Комбинатот за повеќе од 3.300.000 денари.

СВР Битола поднесе кривични пријави против координаторот-обезбедувач, 59-годишниот Љ.Б., против 60-годишниот екс-генерален директор К.С., против 41-годишниот Ј.Д., кој бил сопственик на фирмата од с. Мало Коњари, а за која, исто така, има кривична пријава.

Според МВР, сите осомничени здружено и незаконски работеле при отуѓувањето, односно купопродажбата на отпадни материјали кои биле во сопственост на Тутунскиот комбинат.

Реклама

**„Во текот на февруари 2022 година, првопријавениот Љ.Б. со помош на третопријавениот Ј.Д. прикриле најмалку 185.000 килограми отпадно железо од Работна единица Заводи – Мажучиште и не го евидентирале на сметка на Комбинатот, а било предадено и откупено од правното лице од с. Мало Коњари по повисока цена за два денари од килограм. Но, наместо на сметката на АД Тутунски комбинат, од правното лице од с. Мало Коњари биле изготвени фиктивни откупни белешки за предадено отпадно железо, во просек по околу 25.000 килограми по лице, на име на осум физички лица (блиски на првопријавениот), со изјави за потеклото на отпадот. Воедно, и паричните средства биле префрлени на банкарски сметки на седум физички лица, како и на личната банкарска сметка на првопријавениот Љ.Б.“ – се вели во соопштението од СВР Битола.

Овие лица парите ги подигнувале во готово и му ги предавале на Љ.Б. Така, на нивните сметки завршиле вкупно 3.338.328 денари, за колку што бил и оштетен Комбинатот. Додека пак, на Тутунскиот комбинат, по основ на продажбата на отпадното железо, од правното лице од с. Мало Коњари му биле исплатени 1.274.560 денари.

Инаку, правниот субјект е овластена фирма за откуп и продажба на отпадни материјали и со Тутунскиот комбинат имал склучено договор за откуп на отпад.

Оттука, тогашниот директор К.С. се товари за „несовесно работење во службата“, бидејќи во првото тримесечје на 2022 година, на првопријавениот Љ.Б., спротивно на Одлуката за одобрување на отпис од сметководствена евиденција и продажба на основни средства, ситен инвентар и резервни делови како отпадни материјали, по негов усмен предлог, му овозможил на Љ.Б. тој да ја спроведе продажбата, наместо референтот за управување со отпад.