Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Македонија

Министерство за правда достави допис до Влада за предлог разрешување на Коцевски

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерството за правда, постапувајќи по заклучокот од 50-та седница на Владата на РМ одржана на 11 февруари, годинава, презеде активности и подготви мислење за предлог-разрешување на државниот јавен обвинител, кое го достави до Владата за натамошно процесирање согласно Законот за јавното обвинителство и Уставот на Македонија.

„Во изминатиот период бевме сведоци на низа скандали, нарушена функционалност на јавното обвинителство, нарушени меѓучовечки односи, незаконски постапувања и корупција, неефикасност во кривичното гонење и повреда на принципите на организација на јавното обвинителство и самостојноста во вршењето на функциите на обвинителите во Вишото јавно обвинителство“, се наведува во денешното соопштение од Министерството за правда

Државниот јавен обвинител на Македонија, како што велат од Министерството за правда, постапувал во предмети во кои согласно законските одредби постоеле околности кои предизвикуваат сомневање во неговата непристрасност, како и судир на интереси, а за кои околности тој требало да знае и требало да се изземе.

Реклама

„Воедно, во јавноста беа лиферувани и информации, и податоци за предмети, со што е повредена обврската за тајност во постапките“, се наведува во соопштението.

Од Министерството за правда посочуваат дека во Законот за јавното обвинителство е наведено дека јавниот обвинител на РМ е одговорен за општите состојби во врска со организирањето и извршувањето на функциите на јавното обвинителство и за својата работа одговара пред Собранието. Собранието пак, како највисок претставнички орган на граѓаните е уставно надлежен за именување и разрешување на јавниот обвинител на Македонија.

Владата пред три донесе одлука да поведе постапка за разрешување на државниот јавен обвинител, Љупчо Коцевски, поради постапување надвор од законските надлежности и ниската доверба на граѓаните во правосудството.