Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Министерот за локална самоуправа Златко Перински во работна посета на Општина Кисела Вода

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација. Како што соопшти Општина Кисела Вода, на средбата се разговараше за тековните активности и развојните приоритети […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денеска оствари работна посета на Општина Кисела Вода, каде што се сретна со градоначалничката Бети Стаменкоска-Трајкоска, членовите на Советот и претставници на општинската администрација.

Како што соопшти Општина Кисела Вода, на средбата се разговараше за тековните активности и развојните приоритети на општината, реализацијата на капиталните инвестиции, како и за можностите што ги нуди Ресурсниот центар за поддршка на општините, преку кој Министерството за локална самоуправа обезбедува стручна, техничка и советодавна поддршка. 

-Посебен акцент беше ставен на трите столба на кои Министерството ја темели поддршката на локалната самоуправа: обезбедување финансиски средства за реализација на општинските проекти, зголемување на финансиската независност на општините и споделување знаење и експертиза. Во таа насока беше истакнато дека Скопје и скопските општини се меѓу првите вклучени во процесот на унапредување на финансиската самостојност на локалната самоуправа, при што е формирана работна група која ќе работи на прашања поврзани со локалните даноци и комуналните такси – се посочува во соопштението. 

Реклама

Се разговарало и за потребата од подобрување на административните капацитети на општините, како и за воспоставување на подобра софтверска поврзаност меѓу општините. Преку Ресурсниот центар, на општините им се достапни експерти од различни области кои обезбедуваат бесплатна стручна поддршка по електронски пат, а беше најавена и работилница за подготовка на развојни планови што ќе се одржи во текот на наредната недела.

На состанокот стана збор и за подготвените измени на Законот за меѓуопштинска соработка, кои во наредниот период ќе бидат доставени до општините на разгледување и давање предлози. Министерот Перински истакна дека директната комуникација со локалната самоуправа е неопходна за навремено препознавање на предизвиците со кои се соочуваат општините и за креирање соодветни решенија.

-Нашата определба е да бидеме постојан партнер на општините и да обезбедиме конкретна поддршка таму каде што е најпотребна. Преку Ресурсниот центар создаваме систем кој, на нивно барање, ќе им помогне на општините полесно да ги надминуваат административните и техничките предизвици и поефикасно да ги реализираат своите развојни цели – изјави министерот Перински.

Во рамки на двата владини јавни повици, за Општина Кисела Вода се одобрени вкупно 24 проекти во вредност од 528.529.882 денари. – Овие средства претставуваат значајна поддршка за реализација на проекти кои директно ќе придонесат за подобрување на условите за живот на граѓаните и за понатамошен развој на општината – нагласи Перински.

Тој посочи дека Владата продолжува со силна поддршка на локалниот развој преку капитални инвестиции во општините.

-Ова е можност за суштински дијалог за предизвиците и стратешките цели пред кои се наоѓа Кисела Вода. Во рамките на денешните состаноци со мене, советниците и раководителите на општинските сектори, разговаравме за конкретни модели за поддршка од страна на Министерството. Од особена важност е што Министерството за локална самоуправа стави на располагање Ресурсен центар за поддршка на развојот на општините. Ова за нас претставува вреден дополнителен инструмент кој нуди стручна помош и дигитални алатки, што ќе ни овозможат уште подинамично и поуспешно да пристапиме кон изработка и реализација на нашите идни проекти – изјави градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.

Работната посета беше дел од активностите за унапредување на соработката меѓу централната и локалната власт и поддршка на развојните процеси во општините.