Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Министерот Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална сала

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните активности за изградба на објектот на „Универзална сала“ во Скопје и се информираше за динамиката и напредокот на градежните работи.
 
При увидот, информираат од Министерството, Сулејмани од страна на управителот на градбата „Мегарон Инженеринг“ – Скопје, надзорниот орган – Друштво за управување со проекти „ЕОС Е.Е. консалтинг“ ДОО Скопје, и изведувачот „Универзал Балкан“ ДОО Скопје, беше информиран дека активностите се одвиваат во рамките на роковите утврдени со динамичкиот план. На објектот се реализирани повеќе значајни активности, меѓу кои ископи на подрумското ниво, изведба на столбови, активности за заштита на конструкцијата, како и изработка и поставување на челични елементи. Дополнителен напредок на активностите се очекува да биде забележлив уште во текот на претстојниот викенд.

Инаку во моментов, во производствените капацитети на „Актива“ во Штип интензивно се работи на изработката на челичната конструкција. Значаен дел од челичните конструктивни елементи веќе се изработени, а според планираната динамика, транспортот и монтажата на челичната конструкција, без трибините, треба да завршат најдоцна до средината на септември 2026 година.

Според министерот Сулејмани „Универзална сала“ е објект од особено значење за Скопје и за културниот живот во државата. Особено е значајно дека има напредок на работите и важно е изградбата да продолжи со засилена динамика и со почитување на утврдените рокови. Тој очекува во наредниот период објектот да добива се поконкретен и повидлив изглед.
 
Министерот потенцираше дека Министерството за култура и туризам и во иднина ќе продолжи да го следи процесот на реализација на проектот, во соработка со сите надлежни субјекти вклучени во изградбата.