Реклама

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Нова марионета во бугарскиот етер: Бегалката Ива Михаилова ја напаѓа Македонија во стилот на Пендиков

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Македонија

Министерот Стефан Андоновски оствари средба со Амбасадорката на САД, Анџела Агелер

Во Министерството за дигитална трансформација денеска министерот Стефан Андоновски оствари работна средба…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Министерството за дигитална трансформација денеска министерот Стефан Андоновски оствари работна средба со Амбасадорката на Соединетите Американски Држави во земјава, Н.Е. Анџела П. Агелер. Средбата се одржа во духот на зајакнување на билатералната соработка во областа на дигитализацијата, сајбер безбедноста и технолошкиот развој.

Во фокусот на разговорот беше претстојниот Дигитален самит на Западен Балкан, кој ќе се одржи во октомври 2025 година во Скопје, а на кој ќе учествуваат високи претставници од владите на земјите од регионот, меѓународни партнери, како и претставници од приватниот сектор.

Министерството ја истакна силната и континуирана поддршка од САД во процесот на дигитална трансформација на Македонија, како и важноста на заедничките активности што придонесуваат за унапредување на инфраструктурата, јакнење на безбедноста и економскиот развој.

Реклама

„Оваа средба претставува значаен чекор напред во нашите заеднички заложби за дигитална иднина. Благодарни сме за партнерството со САД, кое е клучно за унапредување на реформите и градење на инклузивна и одржлива дигитална економија,“ изјави Андоновски.

Дигитализацијата останува еден од стратешките приоритети на Владата на Македонија, а соработката со нашиот стратешки партнер, Соединетите Американски Држави претставува важен двигател на напредокот во оваа област.