Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Министерот Серафимовски и шведскиот амбасадор Солстром разговараа за унапредување на соработката во земјоделството

Можностите за развој на билатералната соработка во земјоделството, шумарството и водостопанството, со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Можностите за развој на билатералната соработка во земјоделството, шумарството и водостопанството, со посебен акцент на инвестиции и надворешна трговија на земјоделски производи, беа во фокусот на средбата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски со амбасадорот на Кралството Шведска во Македонија, Ола Солстром.

Како што соопштуваат од МЗШВ, на средбата станало збор и за поврзување на надлежните државни институции, научната и стручната јавност и деловниот сектор од двете земји.

– Насочени сме да користиме современи искуства што ќе ни помогнат за развој на земјоделскиот сектор и препознатливост на нашите земјоделски производи и македонското вино надвор од државата – истакнал министерот Серафимовски.

Реклама

Дополнуваат дека била истакната и значајната поддршка што Кралството Шведска ја обезбедува за Македонија преку повеќе програми, особено во насока на поддршка на евроинтегративниот процес на земјата.