Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Македонија

Министерот Сали и директорката на ЕПИ Кацарска на средба за реформите од Планот за раст

Активностите во рамките на проектот „Следење на реформи и раст во Западен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Активностите во рамките на проектот „Следење на реформи и раст во Западен Балкан“ (WB Reform and Growth Monitor), финансиран од Европската Унија, биле во фокусот на денешната средба на министерот за европски прашања Беким Сали со претставници на Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), предводени од директорката Симонида Кацарска.

Целта на проектот е да го зајакне учеството на граѓанските организации во следењето и спроведувањето на реформите поврзани со Планот за раст на Европската комисија за Западен Балкан.

На средбата била потврдена одличната и континуирана соработка меѓу Министерството за европски прашања и ЕПИ во процесот на европската интеграција на државава.

Реклама

– Беше истакнато дека партнерството меѓу Министерството и ЕПИ придонесува за подобро следење, анализа и транспарентност во спроведувањето на Реформската агенда 2024–2027, како и за засилување на улогата на граѓанското општество во реформските процеси, соопшти Министерството за европски прашања.

Од таму истакнуваат дека остануваат посветени на отворена соработка со граѓанските организации, како важен партнер во унапредувањето на реформите и европската интеграција на државава.